Mozzart Промо

Правила на наградната игра „Погоди најголема квота“

Врз основа на одлука на Друштвото за приредување на игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје, од ден 25.07.2019 година, заведена под број 03-3951, за организирање на наградна игра со назив „ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА“ и врз основа на член 125, 126, 127,1 28 и 129 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016 и 178/2016)  управителот на друштвото на ден 25.07.2019, донесува:

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА

Организатор на наградна игра

Член 1

Друштво за приредување игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје, со седиште на Бул.8-ми Септември бр. 16, Скопје (во понатамошен текст: Организатор) организира наградна игра под назив „ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА“.

Цел на наградната игра

Член 2

Целта на наградната игра е рекламирање на услугите кои ги нуди Спортската обложувалница MOZZART.

Име, опис и времетраење на наградната игра

Член 3

Официјалниот назив на наградната игра е „ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА“.

Наградна игра започнува на ден 30.08.2019 во 09:00 часот и ќе трае до 21:00 часот на ден 05.01.2020 година.

Наградната игра ќе се одвива во 4 (четири) етапи, кои ќе се реализираат на следниот начин:

Во првата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на ден 30.08.2019 година до 21:00 часот на ден 30.09.2019 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.

Во втората етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на ден 01.10.2019 година до 21:00 часот на ден 31.10.2019 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.

Во третата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на ден 01.11.2019 година до 21:00 часот на ден 30.11.2019 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.

Во четвртата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на ден 01.12.2019 година до 21:00 часот на ден 05.01.2020 година и истите учествуваат само во оваа етапа.

По завршување на секоја етапа од наградната игра, системот се рестартира при што квотите од секоја завршената етапа не се префрлуваат и не учествуваат во било која следна етапа. Квотите со почеток на секоја нова етапа се бришат.

Опис и содржина на потврдата врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра

Член 4

За извршената уплата на тикет, Организаторот му издава на учесникот заверена потврда за учество во играта (тикет), која претставува доказ за учество на учесникот во наградната игра.

Право на учество и услови

Член 5

Во наградната игра со право на учество по автоматизам се стекнуваат сите полнолетни учесници во обложувањето (лица над 18- годишна возраст) кои тикетите за обложување, ги уплатиле на било кое уплатно-исплатно место на Организаторот на територијата на Република Северна Македонија, во периодот на времетраење на наградната игра и тоа од 09:00 часот на ден 30.08.2019  до 21:00  часот на ден 05.01.2020 година, а согласно етапите опишани во член 3 од овие Правила (во понатамошниот текст: учесник).

Покрај другите услови од овие правила, тикетите од овој член мораат да ги исполнуваат кумулативно и следниве услови:

  • Сите настани на тикетот кои се предмет на обложувањето мора да бидат спортски настани (резултати на поединечни или групни спортски настани, одредени настани во тек на наградната игра и др.);
  • Минимален број на настани на тикетот е 4;
  • Условот не го исполнуваат “системски” тикети, како и тикетите за обложување во живо (Live Bet);
  • Услов не исполнуваат тикети со еден промашен пар кои кај Организаторот остваруваат право на бенефиција “Промаши, а наплати”
  • Минимална уплата по тикет е 20 денари (дваесет денари)
  • Тикетот мора да биде уплатен во периодот на траење на Наградната игра.

Тикетите уплатени во периодот на траење на една етапа учествуваат само во таа етапа од наградната игра и истите не учествуваат и не се земаат во предвид во било која друга етапа од наградната игра.

Доколку обложувањето на било кој спортски настан од тикетот се поништи од било која причина или од било која причина согласно Правилата на игра на Организаторот за тој настан се пресметува квота 1, тој настан не се зема во предвид при пресметка на вкупниот коефициент.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во првата етапа од наградната игра мора да биде најдоцна до 21:00 часот на ден 30.09.2019 година.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во втората етапа од наградната игра мора да биде најдоцна до 21:00 часот на ден 31.10.2019 година.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во третата етапа од наградната игра мора да биде најдоцна до 21:00 часот на ден 30.11.2019 година.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во четвртата етапа од наградната игра мора да биде најдоцна до 21:00 часот на ден 05.01.2020 година.

Во спротивно, тој тикет не се зема во предвид, односно не го исполнува условот за учество во наградната игра.

Доколку почетокот на одигрување на некој настан од тикетот од било која причина се помести за термин по наведениот во став 5, 6, 7 и 8 од овие Правила, тој тикет не се зема во предвид односно не го исполнува условот за учество во наградната игра.

Учеството во Наградната игра на вработените кај Организаторот, како и членовите на нивните потесни семејства, е забрането.

Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра.

Член 6

За добитник во секоја поединечна етапа од наградната игра се смета учесникот кој има добитен тикет со најголема квота за комбинација (вкупен коефициент).

Доколку двајца или повеќе учесници имаат добитен тикет со иста најголема квота за комбинација (вкупен коефициент), за добитник во секоја поединечна етапа од наградната игра ќе се смета учесникот чиј тикет е временски прв уплатен.

Награден фонд

Член 7

Организаторот доделува вкупно 4 (четири) награди и тоа: 3 автомобили марка FIAT 500 1.2 Pop и 1 автомобил марка JEEP Compass 1.4 Mair MT6 FWD Sport сите брендирани со име, лого и други податоци одредени од страна на Организаторот.

Во првата етапа од наградната игра добитникот добива автомобил марка FIAT 500 1.2 Pop брендиран со име, лого и други податоци одредени од страна на Организаторот.

Во втората етапа од наградната игра добитникот добива автомобил марка FIAT 500 1.2 Pop брендиран со име, лого и други податоци одредени од страна на Организаторот.

Во третата етапа од наградната игра добитникот добива автомобил марка FIAT 500 1.2 Pop брендиран со име, лого и други податоци одредени од страна на Организаторот.

Во четвртата етапа од наградната игра добитникот добива автомобил марка JEEP Compass 1.4 Mair MT6 FWD Sport брендиран со име, лого и други податоци одредени од страна на Организаторот.

Поединечна вредност на секоја награда од фондот на награди и вкупна вредност на фондот на награди

Член 8

Вид на награда

Автомобил марка FIAT 500 1.2 Pop x 3

JEEP Compass 1.4 Mair MT6 FWD Sport x 1

Постапка на приредувањето на наградната игра и извлекувањето на добитниците

Член 9

Секој ден во текот на траењето на секоја од четирите етапи од наградната игра, на уплатно-исплатните места на Организаторот ќе биде истакнато известување со најуспешниот добитен тикет, односно известување со добитен тикет со најголема квота по комбинација (вкупен коефициент) кој ги исполнува услови од овие Правила, при што:

  • На ден 01.10.2019 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на најуспешниот добитен тикет за кој во текот на траењето на првата етапа од наградната игра било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.
  • На ден 01.11.2019 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на најуспешниот добитен тикет за кој во текот на траењето на втората етапа од наградната игра било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.
  • На ден 01.12.2019 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на најуспешниот добитен тикет за кој во текот на траењето на третата етапа од наградната игра било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.
  • На ден 06.01.2020 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на најуспешниот добитен тикет за кој во текот на траењето на четвртата етапа од наградната игра било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.

Член 10

Услов за доделување на наградата е поседување на тикетот кој ги исполнува условите од овие Правила, а кој учесникот е должен да го предаде на Организаторот најдоцна во рок од два дена од денот на објавувањето на резултатите за секоја етапа согласно датумите предвидени во член 9 од овие Правила.

Во случај учесниците да не се јават на уплатното-исплатно место на Организаторот во рок од претходниот став, добитник во поединечна етапа од наградна игра ќе биде лицето со следниот добитен тикет со најголема квота по комбинација (вкупен коефициент) кој ќе се јави во рок од 2 дена од истекот на рокот наведен во претходниот став.

Правилото од претходниот став се применува и во евентуални случаеви на непојавување на учесник со следен најдобар тикет во наведениот рок.

Доделувањето на наградата од првата етапа од наградната игра – автомобил FIAT 500 1.2 Pop ќе биде на ден 08.10.2019 година (вторник) во 20:00 часот, на уплатно-исплатното место во кое е уплатен добитниот тикет.

Доделувањето на наградата од втората етапа од наградната игра – автомобил FIAT 500 1.2 Pop ќе биде на ден 06.11.2019 година (среда) во 20:00 часот, на уплатно-исплатното место во кое е уплатен добитниот тикет.

Доделувањето на наградата од третата етапа од наградната игра – автомобил FIAT 500 1.2 Pop ќе биде на ден 10.12.2019 година (вторник) во 20:00 часот, на уплатно-исплатното место во кое е уплатен добитниот тикет.

Доделувањето на наградата од четвртата етапа од наградната игра  автомобил – JEEP Compass 1.4 Mair MT6 FWD Sport ќе биде на ден 10.01.2020 година (петок) во 19:30 часот, на уплатно место Скопје-Тафталиџе 2, со адреса ул.Московска бр.17 А, Скопје – Карпош.

Замена на награди

Член 11

Добитникот во секоја поединечна етапа од наградната игра не може да ја менува наградата за пари, ниту за било која друга награда.

Начин на запознавање на учесниците со наградната игра

Член 12

Правилата на наградна игра по добиена согласност од страна на Министерство за финансии, ќе бидат објавени на сајтот https://promo.mozzartbet.mk/ и на уплатно-исплатните места на Организаторот.

Право на приговор

Член 13

Незадоволниот учесник има право на писмен приговор до Организаторот во рок од 2 (два) дена од денот на објавувањето на добитниците на наградите и тоа по писмен пат на адреса Бул.8-ми Септември бр. 16, 1000 Скопје.

Организаторот ќе достави писмен одговор на приговорот во рок од 1 (еден) ден од денот на приемот на истиот.

Обработка на лични податоци

Член 14

При превземање на наградите добитниците се должни да ги дадат своите лични податоци на претставникот на Организаторот и да дадат на увид важечка лична карта или патна исправа, како и да потпишат потврда за прием на наградата или записник за примопредавање на наградата.

Добитниците во секоја поединечна етапа од наградна игра му даваат согласност и право на Организаторот или агенцијата која Организаторот ја ангажирал, со цел на промовирање на наградна игра, да може да ги користи личните податоци на добитниците: име и презиме, слика, како и аудио и видео материјал без право на надокнада и без временско и територијално ограничување или ограничување во број на користења.

Завршни одредби

Член 15

Овие правила на наградна игра ќе се применуваат по добиена согласност од страна на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и по нивно јавно објавување.

 

 

Организатор

ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје

Управитeл

Слободан Веселиновиќ