Mozzart Промо

ПРАВИЛА НА ИГРА ЗА ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА

Врз основа на член 78 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (“Службен весник на Република Македонија”, бр.24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15, 154/15, 23/16 и 178/16), Друштвото за приредување игри на среќа “ДЕЛТА БЕТ” ДОО Скопје, со седиште на Бул. 8-ми Септември бр.16, Скопје на ден 29.06.2020 донесува:

 

ПРАВИЛА НА ИГРА ЗА ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА

(ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ)

 

Член 1

Со овие правила се утврдува приредувањето на посебната игра на среќа Игри на среќа во обложувалница (во понатамошен текст: обложување) и истите содржат назив и седиште на приредувачот на игри на среќа во обложувалница, име, опис и времетраење на играта на среќа, услови за учество во играта на среќа, висина на влогот и краен рок за уплата за учество во играта на среќа, место во кое се приредува играта на среќа, односно подрачјето на кое се врши уплатата на влоговите за учество во играта на среќа, вид и вкупна вредност на добивката, начин, постапка и контрола на утврдување на добивките, начин и време на објавување на резултатите од играта на среќа и начин и рок за исплата на паричните добивки, односно остварување на добивките од друг вид.

 

Член 2

Обложувањето од член 1 го приредува “ДЕЛТА БЕТ” ДОО Скопје, Друштво за приредување игри на среќа, со седиште на Бул. 8-ми Септември бр.16 Скопје, ЕДБ 4030008038865, во спортски обложувалници “МОЗЗАРТ” (во понатамошен текст: приредувач).

 

Член 3

Овие правила претставуваат општи услови за склучување на договор за учество во сите видови на обложување кај приредувачот, а кој се смета за склучен кога учесникот ќе изврши уплата кај приредувачот за учество во обложувањето.

Овие правила ги обврзуваат и приредувачот и учесникот и тие се должни во целост да ги почитуваат.

 

Член 4

Приредувачот за исплата на добивките од играта на среќа гарантира со целокупниот свој имот.

 

Член 5

Обложување е посебна игра на среќа во која приредувачот однапред ги одредува настаните како и квотите за обложување, а учесникот по своја волја ги бира знаковите со кои го обележува исходот на понудениот спортски или друг настан или група на настани на помошниот тикет-образец за учество во играта   (во понатамошен текст: тикет) кои го издава приредувачот.

Износот на потенцијалната добивка е одреден со висината на квотата со што е заклучено обложувањето и износот на влогот.

Обложување на настани во тек (live bet) подразбира обложување во тек на настанот како и за време на паузата (полувреме и сл.). За обложување на настани во тек важат исти правила како и за обложување пред почеток на настанот освен ако не е поинаку назначено. Обложување во пауза на настанот подразбира обложување во тек на некоја од паузите на настанот (помеѓу две полувремиња, помеѓу четвртини и слично).

Обложувањето се приредува во континуитет, по кола кои се временски ограничени. Под коло се подразбира период од вторник од 8 ч до петок до 8 ч, како и период од петок од 8 ч до вторник до 8 ч.

Под обложувачки ден се подразбира период од 8 ч до 8 ч наредниот ден.

 

Член 6

Одредбите на овие Правила важат и се применуваат за сите обложувања, кои можат да се организираат во групни и индивидуални спортски дисциплини и разни други настани.

Учесникот, согласно на начинот утврден спрема овие правила може да се обложува на:

  • Резултати на поединечни или групни спортски натпреварувања, трки и слично;
  • Одредено збиднување во тек на спортско натпреварување (број на постигнати голови, точен резултат, број на голови на полувреме и на крајот на натпреварот, кој ќе даде прв гол, кој играч/тим ќе биде најдобар стрелец, во кое полувреме ќе бидат постигнато повеќе голови, кој дава повеќе или помалку голови, и сл.);
  • Успех на учесниците во други забавно-спортски натпреварувања (танцови, пеачки, музички и слични натпреварувања);
  • Настани кои имаат случаен карактер односно немаат однапред познат исход.

Не се дозволени обложувања кои се во спротивност со позитивните законски прописи и општите морални принципи.

 

Член 7

Настаните од член 6 од овие правила, организаторот ги објавува во билтен на спортски настани кои ќе бидат предмет на обложувањето за одреден временски период, односно коло, заедно со почетните квоти, упатството за обложување, евентуално посебни услови за конкретно обложување, како и други податоци кои на учесникот му го олеснуваат учеството во обложувањето.

Информациите во билтенот на спортски настани се од информативен карактер и се предмет на промена.

 

Член 8

При обложувањето се користат следни знаци, односно типови: “1”, “X”, “2” и двознаци    “1X”, “12” и “X2”.

Знакот “1” означува победа на домашниот тим, знакот “X” означува нерешен резултат, а знакот “2” означува победа на гостинскиот тим. Во случај да натпреварот кој е предмет на обложувањето се игра на неутрален терен знакот “1” се однесува на првонаведениот тим во билтенот, а знакот “2” на второнаведениот тим.

“Двознаци” се знаци кои истовремено означуваат два резултата: знакот “1X” ја означува победата на домашниот тим или нерешен резултат, знакот “12”ја означува победата на домашниот или гостинскиот тим и знакот “X2” означува нерешен резултат или победа на гостинскиот тим.

За одредени видови на обложување, можат да се користат и бројни ознаки од <<0>> до <<9>>, ознаки со букви <<М>> или <<В>> или комбинации на овие ознаки , на начин кој приредувачот го наведува во билтенот.

“Комбинација” се содржи од низа на знакови за обложување од ставовите 1, 2, 3 и 4 на овој член.

Бројот на знакови во низа кои сочинуваат една комбинација се движи помеѓу минималниот и максималниот број на спортски настани кои приредувачот ги одредил за обложување, од вкупниот број на понудени спортски настани во билтенот, а кои учесникот ги избрал.

“Систем” е посебен начин на формирање (зголемување) на бројот на комбинации за обложување и  на учесникот му овозможува со формирање на група на настани да го зголеми вкупниот број на комбинации за обложување.

“Фикс” е ознака која се користи кај системите  и со неа се означува одреден настан кој ќе учествува во сите комбинации кои играчот ги избрал.

 

Член 9

“Квота” е децимален број кој однапред го одредува приредувачот за секој спортски настан кој е предмет на обложувањето и служи за пресметување на висината на добивката.

Квотата може да биде одредена за секој спортски настан посебно, како дел на една комбинација, или за вкупната комбинација, односно за сите спортски настани кои ја сочинуваат таа комбинација.

Во случај квотите да се одредени за секој спортски настан посебно, квотата за комбинацијата се добива со множење на квотите за секој спортски настан поединечно.

Приредувачот го задржува правото да ги промени квотите објавени во билтенот.

При пресметка на добивката се земаат во предвид квоти кои се важечки во моментот на уплатата и истите се испишани на тикетот на учесникот.

Важечка квота за обложување, како и за обложување во тек (live bet) е единствено онаа која се наоѓа на уплатениот тикет за обложување. Поради евентуални технички проблеми, може да се појави разлика во квотата која се гледа на платформата на која се наоѓаат квотите за обложување во тек (телетекст) и квотата која се гледа на тикетот.

 

Член 10

“Множител на влогот” е број со кој учесникот со посебна доплата означува колку пати неговите комбинации учествуваат во играта, односно колку пати ќе се зголеми неговата евентуална добивка.

 

Член 11

“Хендикеп” е предност во голови (поени, проценти или други вредности кои се во врска со настанот кој е предмет на обложувањето) која приредувачот однапред  ја дава на некој учесник од билтенот.

Конечниот исход на настанот со хендикеп се формира така што на бројот на голови или поени означени како хендикеп се додаваат и головите или поените кои стварно ги постигнал тимот на кој му е даден хендикепот.

 

Член 12

“Дупла шанса” е користење на двознак кај прогнозирањето на конечниот исход, со што се зголемува бројот на одиграни комбинации, а за која се дава посебна квота во билтенот.

 

Член 13

“Микс” предтставува комбинација на два или повеќе различни спортски настани од член 6 на овие правила, доколку се исполнети минималните услови за комбинирање на игрите, кои приредувачот ги наведува во билтенот.

 

Член 14

Добитна комбинација е онаа комбинација за која се точно погодени сите исходи на спортските настани кои учесникот ги избрал.

 

Член 15

Минималната поединечна уплата по комбинација за обложување изнесува 1 денар.

Минималниот износ кој учесникот може да го уплати за обложување изнесува 20 денари.

Максималниот износ на исплата на добивка на учесникот изнесува 5.000.000 денари за тикети кои имаат до 29 парови односно 10.000.000 денари за тикети кои имаат 30 или повеќе парови.

Приредувачот го задржува правото за промена на износот на минималната поединечна уплата по комбинација, минималниот износ на уплатата за обложување и максималниот износ на исплатата на добивката, во случај на промотивни активности, при воведување и промоција на нови игри и за членовите на Моззарт клубот на лојалност кои се стекнале со бенефиции, а согласно Одлука на приредувачот истакната на огласната табла на уплатно – исплатните места, а во која ќе биде дефиниран периодот на важење на промените, условите за важење на промените и висината на минималната поединечна уплата по комбинација, минималниот износ на уплатата за обложување и максималниот износ на исплатата на добивката.

 

Член 16

Износ на добитниот фонд кај обложувањето претставува збир на сите добивки на учесниците во обложувањето и истиот не е однапред одреден и не зависи од примената уплата за учество во конкретното обложувачко коло.

 

Член 17

Уплатите за обложување се примаат на уплатно-исплатните места на приредувачот за кои има добиено решение – согласност од Министерство за финансии на Република Македонија.

 

Член 18

Учесниците во обложувањето пополнуваат тикети кои ги издава приредувачот, така што ги обележуваат спортските настани на кои се обложуваат со знаковите од член 8 на овие правила, при што учесниците се обврзуваат да се придржуваат и до објаснувањата кои се наоѓаат во билтенот.

Учесникот е должен за секое обложување да го означи видот на игра и шифрата на спортскиот настан на кои се обложува. Во спротивно, обложувањето е неважечко, и приредувачот нема да го прифати.

Приредувачот го задржува правото во секој момент, делумно или потполно, без давање на посебно образложение, да не го прифати облогот на учесникот во играта.

Кога ќе го прифати облогот, приредувачот ја прима уплатата и на учесникот му издава заверена потврда за учество во играта на среќа во обложувалница, која содржи место, датум, изборот на учесникот и износ на примената уплата, која претставува доказ за учество на учесникот во играта на среќа во обложувалница, врз основа на која учесникот подоцна има право на исплата на евентуална добивка.

Облогот важи само за првите натпревари од тековната понуда на приредувачот освен доколку не е поинаку предвидено во понудата на приредувачот.

 

Член 19

Приредувачот пред почеток на обложувањето ги утврдува и објавува минималните услови за уплата. Учесниците се должни да го почитуваат минимумот и максимумот на бројот на спортски настани за секој вид на обложување онака како што го објавил приредувачот во билтенот за конкретното обложувачко коло.

 

Член 20

Доколку учесникот утврди дека обложувањето, од страна на приредувачот, не е заверено  согласно  неговото барање, тогаш учесникот има право да се откаже од обложувањето и да побара сторнирање по извршената уплата, а најдоцна во рок од 5 (пет) минути по завршување на заверката на обложувањето, а пред почеток на спортскиот настан.

Сторнирање на тикетот кај обложувањето на настани во тек е дозволено во рок од 10 секунди од времето кое стои на тикетот под услов да од времето на заверка на тикетот (кое стои на тикетот) па до моментот на сторнирањето, не се случила промена на квота  или прекин на уплатата на подиграта која се наоѓа на тикетот.

 

Член 21

На учесникот му е забрането да се обложува повеќе пати во една комбинација на ист спортски настан, освен доколку тоа приредувачот не го одобрил во билтенот.

Учесниците своите облози ги уплаќаат поединечно. Приредувачот го задржува правото да ги прогласи за неважечки идентичните облози од група на учесници и по објавувањето на официјалните резултати.

Член 22

Учесникот е должен читливо да го пополни тикетот и истиот да го предаде на заверка кај приредувачот најдоцна 15 минути пред започнување на првиот спортски настан  на кој се обложува учесникот, освен ако приредувачот не одредил поинаку. Приредувачот има право за секоја игра и секој спортски настан да го промени времето до кога се прима уплатата. Ова не важи за обложување на настани во тек како и за обложување во пауза на натпреварот. За обложување на настани во тек облозите се примаат во тек на натпреварот. За обложување во пауза на натпреварот облозите се примаат во тек на паузата.

Во случај да се изврши уплата за обложување на спортски настани кои веќе се започнати или се веќе завршени, приредувачот го задржува правото таквите настани да ги прогласи за нерегуларни, освен доколку тоа во овие правила не е поинаку одредено. Ова не се однесува на обложување на настани во тек и на обложување во паузата. Кај обложувањето на настани во тек секој облог по објава на резултатот се смета за неважечки. Кај обложувањето во пауза, доколку уплатата се изврши по завршување на паузата, облогот се прогласува за неважечки.

Член 23

По завршување на спортските и други настани кои биле предмет на обложувањето, приредувачот во рок од 24 часа ги објавува на огласна табла во уплатното место извештаите за резултатите од настаните  кои биле во програмата на настани за обложување, а врз основа на официјалните извештаи кои службено ги објавуваат организаторот на спортското или друго натпреварување (национални или интернационални здруженија на лиги, купови и сл.) кои се единствено меродавни.

Резултат меродавен за обложување е оној кој е постигнат во регуларниот тек на натпреварот или натпреварувањето, освен ако не е поинаку нагласено.  Продолженијата и пеналите (единаестерци, седмерци, слободни фрлања и сл.), како и евентуалните административни промени на резултатот (службен резултат, дисквалификации и слично) не се сметаат за регуларен тек на натпреварот или натпреварувањето и не влијаат на резултатот меродавен за обложувањето.

За обложување на настани во тек на тениски натпревари кои се играат во два добиени сета, третиот сет се смета како еден гем, доколку истиот се игра како тај-брејк.

За обложување пред започнување на натпреварот како и за обложување на настани во тек, понудената квота прилагодена е на должината на натпреварот така да сите облози се важечки само доколку фудбалскиот натпревар се одиграл стандардно 2*45 минути или скратено 2*40 минути (некој пријателски натпревари, натпревари помеѓу помлади категории и слично). Во сите останати случаеви   (доколку полувреме на фудбалски натпревар траело 35 минути, или е натпреварот одигран 3*30 минути и слично) облогот е неважечки за сите видови на игри и се пресметува квота 1,00.

 

Член 24

Доколку се случи од било која причина уплатата на облогот да биде примена после започнување на натпреварот истата се прогласува за неважечка. Ова не се однесува на обложување на настани во тек и на обложување во паузата. Кај обложувањето на настани во тек секој облог по објава на резултатот се смета за неважечка. Кај обложувањето во пауза, доколку уплатата се изврши по завршување на паузата, облогот се прогласува за неважечки.

 

Член 25

Во случај на промена на терминот на одигрување на натпреварот, постигнатиот резултат се смета за важечки доколку натпреварот се одигра во рок од 50 часа од времето наведено во билтенот.

Во случај спортското натпреварување да не се одржи во рок од 50 часа од став 1 од овој член, за настанот од тоа спортско натпреварување се пресметува квота 1,00 (еден).

Во случај на прекин на спортски настан кај обложувањето на настани во тек, било кога во тек на натпреварот, сите облози на настанот во тек чии исход е реализиран до моментот на прекинот остануваат важечки.

Кај облог на настан во тек доколку спортскиот настан се прекине и истиот се продолжи во рок од 12 часа (12 часа од моментот кога спортскиот настан првобитно започнал), сите облози уплатени за време на неговото траење пред прекинот кои не се реализирани важат и во продолжениот термин.

Доколку се случи прекин на натпреварот пред службениот крај и негово неодигрување во рок од 50 часа, тоа дали облогот е важечки или не зависи од видот на спортот.

Спортови кои можат да се поделат во две полувремиња (фудбал, кошарка, ракомет, ватерполо, рагби и сл.):

–       Во случај на прекин на натпреварот во прво полувреме, се пресметува квота 1,00 за сите типови на обложување.

–       Доколку натпреварот се прекине после завршување на првото полувреме, а пред почеток на второто полувреме, за облози кои до тогаш се оствариле, резултатот во моментот на прекин е важечки за сите видови на обложување, односно тикетите во тој случај можат да бидат добитни (тикети кои недвосмислено може да се обработат како добитни) или губитни (тикети кои недвосмислено можат да се обработат како губитни), а за облози кои не се остварени, се прогласува квота 1,00.

–       Доколку натпреварот се прекине по почетокот на второто полувреме, резултатот од прекинот е конечен и ќе важи за сите видови на игри.

Спортови кои имаат однапред познато време на траење на натпреварот и кои се содржат од три третини (хокеј и сл.): Доколку натпреварот се прекине во тек на првите 2 третини облозите се прогласуваат за неважечки за сите видови на игри. Доколку натпреварот се прекине по завршување на втората третина , а пред започнување на третата, како и било кога во третата, резултатот во моментот на прекинот е важечки за сите видови на игри.

Колективни спортови кои немаат однапред познато време на траење на натпреварот а победник е оној кои прв ќе освои три сета (одбојка и сл.): Доколку се завршени 3 сета постигнатиот резултат важи за сите видови на игри, во спротивно облозите се сметаат за неважечки и  се пресметува квота 1,00.

Тенис: Доколку се предаде натпреварот се пресметува квота 1,00 за сите видови на игри без оглед на тоа во кој сет е предаден натпреварот. Доколку натпреварот се предаде пред започнување на истиот важи квота 1,00. За тениските натпревари не важи правилото за квота 1,00, доколку натпреварот не заврши во рок од 50 часа.

Бејзбол: Доколку се прекине натпреварот од било кои причини и не се продолжи до крај на обложувачкиот ден, се пресметува квота 1,00 (еден) за сите видови на игри.

Доколку спортскиот настан се прекине во случај на обложување на настани во тек и до неговото продолжување не дојде во рок од 12 часа (12 часа од моментот кога спортскиот настан првобитно започнал), сите облози кои се уплатени за време  траење на настанот во тек а кои не се реализирани , се сметаат за неважечки и за нив важи квота 1,00.

По исклучок од претходниот став од овој член, доколку тенискиот меч е прекинат во случај на обложување на настан во тек и доколку не дојде до негово продолжување во рок од 24 часа од моментот на прекинот, сите облози уплатени за времетраење на настанот во тек, пред прекинот, а кои не се реализирани, се сметаат за неважечки и за нив важи квотата 1,00.

 

Член 26

За сите облози, кои се примени, а одиграни се на тим или на играч кој од било која причина испаднал или се откажал од понатамошното натпреварување, се смета дека не се добитни и се пресметува квота 1,00 (еден), освен доколку не е поинаку наведено во билтенот.

Кај понудите во игрите „Кошарка-играчи’’ и „Дуели играчи’’ во предвид се земаат и евентуални продолженија, а доколку кошаркарот не учествувал активно во настанот сите облози се прогласуваат неважечки и се пресметува квота 1,00 (се смета дека кошаркарот не учествувал активно во настанот доколку седел на клупа цел натпревар и воопшто не влегувал во игра).

Правила за играта „Вкупно голови во лиги’’

  • Оваа игра може да се врзува со останатата понуда од билтенот освен со натпреварите од групата.
  • Дозволено е обложување на сингл и меѓусобно врзување.
  • Во случај на неодигрување на еден натпревар, се смета дека на тој натпревар се постигнати точно два гола, дека двата гола се постигнати во второ полувреме, односно дека домаќинот постигнал точно еден гол во второ полувреме и дека гостинот постигнал точно еден гол во второ полувреме.
  • Во случај на неодигрување на повеќе од еден натпревар од некоја лига, облозите за таа лига се неважечки и смета квота 1,00.
  • Во случај на прекин на натпревар од некоја лига се применуваат правила кои се однесуваат на прекинати фудбалски натпревари.
  • Доколку натпреварот е прекинат пред завршување на прво полувреме, се смета дека натпреварот е одложен, односно дека се постигнати точно два гола на натпреварот (без оглед на моменталниот резултат во моментот на прекинот, како и дека двата гола се постигнати во второ полувреме, односно дека домаќинот постигнал точно еден гол во второ полувреме и дека гостинот постигнал точно еден гол во второ полувреме).
  • Доколку натпреварот е прекинат по завршување на прво полувреме, се смета бројот на голови постигнати до моментот на прекинот.
  • Бројот на натпревари во една лига и нивните термини на одигрување важат за натпреварите кои се дадени во билтенот. Доколку понудата за играта „Вкупно голови во лиги’’ се разликува од онаа во билтенот, во бројот на натпревари или во термините на одигрување на натпреварите за таа лига, облогот е неважечки и се смета квота 1,00.
  • Доколку понудата за играта „Вкупно голови во лиги‘‘ за некоја лига е иста со понудата во билтенот во бројот на натпревари и термините за таа лига, а потоа дојде до промена на бројот на натпревари од таа лига или термини, иницијалната понуда важи.

 

Член 27

Доколку учесникот со неважечки спортски настан го исполнува условот за минималниот број на спортски настани во една комбинација, таа комбинација е важечка, а за неважечкиот спортски настан се пресметува квота 1,00 (еден).

Доколку се случи  исходот на обложувањето да е однапред познат, приредувачот таквото обложување го прогласува за неважечко.

Приредувачот има право во случај на грешка врзана за времето или местото на одржување на настанот или грешка во квотата објавена во билтенот поради печатна грешка или некоја друга грешка настанот да го прогласи за неважечки.

Доколку спортскиот настан кој е предмет на обложување се одржува на неутрален терен приредувачот не е должен во билтенот да го наведе точното место на одржување на натпреварот.

 

Член 28

Исплата на добивките се врши на уплатно-исплатните места на обложувалницата по завршување на сите спортски настани, а врз основа на официјалните резултати на спортските настани кои ги утврдил и објавил приредувачот.

Доколку приредувачот не може да обезбеди официјален извештај од некој натпревар одигран на тикетот, има право да ја пролонгира исплатата до моментот кога резултатот ќе биде официјален и обработен.

 

Член 29

При исплата на добивката, учесникот ја предава потврдата за учество во играта (тикет), кој ја содржи добитната комбинација.

Комбинацијата е добитна доколку се точно погодени исходите на сите спортски настани од кои се состои.

Приредувачот може да понуди т.н. „кешаут исплата“, односно исплата на тикет во кој има погодено дел од натпреварите на тикетот, а за останатите натпревари, во моментот на кешаут се пресметува еквивалентен коефициент, со кој се врши пресметка на добивка. Во тој случај таквиот тикет добива статус добитен и се исплаќа, но со намалена сума произлезена од гореспоменатата пресметка.

 

Член 30

Износот на добивката е еднаков на вредноста на цената на една комбинација помножена со производот на сите квоти за таа комбинација.

Исклучително од начинот на утврдување на износот на добивката од став 1 на овој член, износот на добивката не може да биде поголем од максималниот износ на добивката дефиниран во член 15 во овие правила. Приредувачот го задржува правото за промена на максималната добивка за секој тикет.

 

 

 

Член 31

Во случај на губење на потврдата за учество во играта (тикетот) или на негово оштетување во толкава мерка да не може со сигурност да се докаже веродостојноста на облогот, приредувачот ќе одбие да ја изврши исплатата на добивката.

Доколку приредувачот процени дека постои основан сомнеж, дека било кој влијаел со цел за одредување на исходот на натпреварот, притоа кршејќи ги одредбите и официјалните правила за одржување на настанот, или доколку постојат докази, врз основа на кои се оспорува регуларноста на натпреварот, приредувачот го задржува правото да ја суспендира исплатата.

 

Член 32

Учесникот во обложувањето има право во рок од 7 (седум) дена од денот на објавувањето на официјалниот извештај на резултатите за настаните, да поднесе писмен приговор до приредувачот, доколку смета дека приредувачот неправилно ја пресметал добивката.

Доколку приредувачот утврди дека приговорот е основан, должен е во рок од 30 дена, по истекот на рокот од став 1 од овој член, да изврши исплата на остварената добивка на учесникот во обложувањето.

 

Член 33

Исплатата на добивките застарува во рок од 60 (шеесет) дена, од денот на објавувањето на официјалните резултати на спортските настани за одредено коло.

Исплатата на добивките со вредност помала од 500.000 денари во нето износ, се врши на уплатното – исплатно место.

Исплатата на добивките со вредност еднаква или поголема од 500.000 денари во нето износ, се врши на трансакциската сметка на добитникот.

Исплата на добитен тикет се врши на доносителот на добитниот тикет при што доносителот се идентификува за целите на данок на личен доход.

За извршената исплата приредувачот на доносителот на добитниот тикет на кој му се врши исплата му издава потврда за извршената исплата согласно Законот за данокот на личен доход.

Лицето на кое му се врши исплата задолжително на потврдата од став 5 на овој член своерачно внесува име и презиме и краток потпис. Приредувачот задржува еден примерок од потпишаната потврда.

 

Член 34

Вработените на уплатно-исплатните места во обложувалницата должни се следните податоци да ги чуваат како деловна тајна:

  • За учесниците (бројот на посети, потрошени или добиени пари и сл.);
  • Финансиските резултати на работењето на обложувалницата
  • За вработените во обложувалницата

Податоците од став 1 на овој член приредувачот може да ги даде на трети лица само на начин предвиден со законот.

Член 35

Приредувачот води евиденција за учесниците кои оствариле добивка на начин кој го пропишува Министерот за финансии.

Член 36

Приредувачот се грижи за одржување на редот и за заштитата на учесниците на уплатно-исплатните места во обложувалницата. Учесниците во обложувањето на уплатно-исплатните места се должни да се однесуваат пристојно и да не им сметаат на другите учесници во играта.

На лица помлади од 18 години забранет е влезот во уплатно-исплатните места на обложувалницата и учество во играта.

На учесниците кои не се придржуваат до овие правила, приредувачот може да им го забрани учеството во играта и пристапот во уплатно-исплатните места на обложувалницата.

 

 

Член 37

На вработените во обложувалницата, односно на уплатното-исплатните места забрането им е учество во играта (обложувањето), парично да ги помагаат учесниците или заедно со учесниците да учествуваат во обложувањето.

 

Член 38

Овие правила ќе бидат истакнати на сите уплатно-исплатни места на Приредувачот, со што ќе бидат јавно објавени и достапни за сите учесници во обложувањето.

 

Член 39

За решавање на споровите помеѓу учесниците и приредувачот надлежен е Основниот суд во Скопје.

 

Член 40

Овие правила стапуваат на сила по добивање на согласноста од страна на Министерството за финансии, а се применуваат од денот на нивното истакнување на уплатно-исплатните места.

 

 

 

 

Управител,

Слободан Веселиновиќ