Mozzart Промо

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА „ПОГОДИ ГО НАЈДОЛГИОТ ТИКЕТ“

Врз основа на одлука на Друштвото за приредување на игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје, од ден 18.01.2022 година, заведена под број 03-878 за организирање на наградна игра со назив „ПОГОДИ ГО НАЈДОЛГИОТ ТИКЕТ“ и врз основа на член 125, 126, 127,128 и 129 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016 и 178/2016) управителот на друштвото на ден 18.01.2022 година, донесува:

 ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

ПОГОДИ ГО НАЈДОЛГИОТ ТИКЕТ

 ОПШТИ ОДРЕДБИ

Организатор на наградна игра

Член 1

Друштво за приредување игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје, со седиште на Бул.8-ми Септември бр. 16, Скопје (во понатамошен текст: Организатор) организира наградна игра под назив „ПОГОДИ ГО НАЈДОЛГИОТ ТИКЕТ“.

Цел на наградната игра

Член 2

Целта на наградната игра е рекламирање на услугите кои ги нуди Спортската обложувалница MOZZART.

Име и времетраење на наградната игра

Член 3

Официјалниот назив на наградната игра е „ПОГОДИ ГО НАЈДОЛГИОТ ТИКЕТ“.

Наградна игра започнува на ден 15.02.2022 во 07:00 часот и ќе трае до 21:00 часот на ден 25.04.2022 година.

Опис и содржина на потврдата врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра

Член 4

За извршената уплата на тикет, Организаторот му издава на учесникот заверена потврда за учество во играта (тикет), коj претставува доказ за учество на учесникот во наградната игра.

НАГРАДНА ИГРА

Правила на наградната игра

Член 5

Право на учество и услови

Во наградната игра за доделување на главна награда со право на учество по автоматизам се стекнуваат сите полнолетни учесници во обложувањето (лица над 18 – годишна возраст) кои тикетите за обложување, ги уплатиле на било кое уплатно-исплатно место на Организаторот на територијата на Република Северна Македонија на Организаторот, во периодот на времетраење на наградната игра и тоа почнувајќи од 07:00 часот на ден 15.02.2022  до 21:00 часот на ден 25.04.2022 година и кои ги исполнуваат условите утврдени во овие правила (во понатамошниот текст: учесник).

Покрај другите општи услови од овие правила, тикетите кои учествуваат во наградната игра мораат да ги исполнуваат кумулативно и следниве услови:

  • Сите настани на тикетот кои се предмет на обложувањето мора да бидат спортски настани (резултати на поединечни или групни спортски настани, одредени настани во тек на наградната игра и др.);
  • Минимален број на настани на тикетот е 4, при што секој од тие 4 настани треба да имаат минимална квота 1,35 по настан;
  • Условот не го исполнуваат “системски” тикети, како и тикетите за обложување во живо (Live Bet);
  • Услов не исполнуваат тикети со еден промашен пар кои кај Организаторот остваруваат право на бенефиција “Промаши, а наплати”;
  • Тикетот може да содржи настани од Бонус квота;
  • Тикетот мора да биде добитен;
  • Минимална уплата по тикет е 20 денари (дваесет денари);
  • Тикетот мора да биде уплатен во периодот на траење на Наградната игра;
  • Доколку тикетот, покрај минималниот број од 4 настани од кој секој треба да има минимална квота од 1,35 по настан, содржи и други настани со квота помала од 1,35, тикетот сепак учествува во наградната игра, но доколку тие други настани имаат квота помала од 1,35 истите не се земаат во предвид при пресметка.

Доколку обложувањето на било кој спортски настан од тикетот се поништи од било која причина или од било која причина согласно Правилата на игра на Организаторот, за тој настан се пресметува квота 1, тикетот сепак учествува во наградната игра, но тие настани не се земаат во предвид при пресметка.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот мора да биде најдоцна до 21:00 часот на ден 25.04.2022 година. Во спротивно, тој тикет не се зема во предвид, односно не го исполнува условот за учество во наградната игра.

Доколку почетокот на одигрување на некој настан од тикетот од било која причина се помести за термин по наведениот во претходниот став од овие Правила, тикетот сепак учествува во наградната игра, но согласно Правилата на игра на Организаторот ќе се чека најмногу до 50 часа за утврдување на исходот од настанот.

  1. Определување на добитник

За победник на главна награда се смета учесникот кој има добитен тикет со најголем број погодени натпревари.

Доколку двајца или повеќе учесници имаат добитен тикет со ист број на погодени натпревари, за Победник ќе се смета учесникот чии погодени натпревари имаат најголема квота за комбинација (вкупен коефициент од производот на погодените натпревари).

Доколку двајца или повеќе учесници имаат добитен тикет со ист број на погодени натпревари, чии погодени натпревари имаат иста квота за комбинација (вкупен коефициент од производот на погодените натпревари), за победник ќе се смета учесникот кој прв го уплатил тикетот.

  1. Награден фонд за главна награда

Организаторот доделува една главна награда и тоа:

  • Победникот на наградната игра добива возило марка BMW X3 xDrive 20d, брендирано со име, лого и други податоци одредени од страна на Организаторот.
  1. Постапка на приредувањето на наградната игра и извлекувањето на добитникот на главната награда

Секој ден во текот на траењето на наградната игра, на уплатно-исплатните места и веб страна: www.mozzartbet.mk на Организаторот ќе биде истакнато известување со најуспешниот добитен тикет за тој ден, односно известување со добитен тикет со најголем број погодени натпревари кој ги исполнува условите од овие Правила, при што на ден 28.04.2022 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на најуспешниoт добитен тикет со најголем број погодени натпревари.

Шифрата на добитниот тикет со најголем број погодени натпревари и квотите, Организаторот ќе го објави на ден 28.04.2022 година, на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.

Услов за доделување на наградата е поседување на тикетот кој ги исполнува условите од овие Правила, а кој учесникот е должен да го предаде на Организаторот најдоцна во рок од два дена од денот на објавувањето на резултатите, односно најдоцна до 30.04.2022 година.

Во случај учесникот да не се јави на уплатното-исплатно место на Организаторот во рок од претходниот став, победник во наградната игра ќе биде лицето со следниот добитен тикет со најголем број погодени натпревари кој ќе се јави во рок од 2 дена од истекот на рокот наведен во претходниот став.

Правилото од претходниот став се применува и во евентуални случаи на непојавување на учесник со следен најдобар тикет во наведениот рок.

Доделувањето на наградата ќе биде извршено на уплатно-исплатното место на Организаторот УМ Скопје – Педагошка со адреса ул. Варшавска бр.1 ДП бр.5 во Скопје.

Доделувањето на наградата ќе се изврши во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечната ранг листа.

Дополнителни награди

Член 6

Воедно, Организаторот во текот на траењето на наградната игра, ќе доделува и други дополнителни 10 (десет) награди.

Доделувањето на дополнителните 10 награди ќе се врши етапно во текот на целото времетраење на наградната игра, во 10 (десет) етапи.

  1. За доделувањето на дополнителните награди ќе се применуваат следните правила за учество и доделување:

Во првата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 15.02.2022 година до 06:59 часот на ден 22.02.2022 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главната награда опишана во член 5 од овие Правила.

Во втората етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 22.02.2022 година до 06:59 часот на ден 01.03.2022 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главната награда опишана во член 5 од овие Правила.

Во третата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 01.03.2022 година до 06:59 часот на ден 08.03.2022 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главната награда опишана во член 5 од овие Правила.

Во четвртата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 08.03.2022 година до 06:59 часот на ден 15.03.2022 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главната награда опишана во член 5 од овие Правила.

Во петтата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 15.03.2022 година до 06:59 часот на ден 22.03.2022 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главната награда опишана во член 5 од овие Правила.

Во шестата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 22.03.2022 година до 06:59 часот на ден 29.03.2022 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главната награда опишана во член 5 од овие Правила.

Во седмата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 29.03.2022 година до 06:59 часот на ден 05.04.2022 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главната награда опишана во член 5 од овие Правила.

Во осмата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 05.04.2022 година до 06:59 часот на ден 12.04.2022 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главната награда опишана во член 5 од овие Правила.

Во деветтата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 12.04.2022 година до 06:59 часот на ден 19.04.2022 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главната награда опишана во член 5 од овие Правила.

Во десеттата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 19.04.2022 година до 21:00 часот на ден 25.04.2022 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главната награда опишана во член 5 од овие Правила.

По завршување на секоја етапа која трае во период дефиниран во овој член, системот се рестартира при што погодените натпревари од секоја завршена етапа не се префрлуваат и не учествуваат во било која следна етапа, ниту пак при извлекувањето на главната награда. Погодените натпревари од претходната етапа со почеток на секоја нова етапа се бришат.

  1. Право на учество и услови

Во наградната игра за доделување на дополнителни награди со право на учество по автоматизам се стекнуваат сите полнолетни учесници во обложувањето (лица над 18 – годишна возраст) кои тикетите за обложување, ги уплатиле на било кое уплатно-исплатно место на Организаторот на територијата на Република Северна Македонија, во периодот на времетраење на наградната игра и тоа почнувајќи од 07:00 часот на ден 15.02.2022 до 21:00 часот на ден 25.04.2022 година и кои ги исполнуваат условите утврдени во овие правила (во понатамошниот текст: учесник).

Покрај другите услови од овие правила, тикетите кои учествуваат во било која од 10-те етапи од наградната игра за дополнителните награди, опишани во точка 1 од овој член, мораат да ги исполнуваат кумулативно и следниве услови:

  • Сите настани на тикетот кои се предмет на обложувањето мора да бидат спортски настани (резултати на поединечни или групни спортски настани, одредени настани во тек на наградната игра и др.);
  • Минимален број на настани на тикетот е 4, при што секој од тие 4 настани треба да имаат минимална квота 1,35 по настан;
  • Минимална уплата по тикет е 20 денари (дваесет денари)
  • Уплатениот тикет мора да биде недобитен;
  • Тикетот може да содржи настани од Бонус квота
  • Настаните на тикетот да започнуваат најрано и најдоцна во утврдениот тековен период (етапа);
  • “Системски” тикети, како и тикетите за обложување во живо (Live Bet) не учествуваат во наградната игра;
  • Тикетот мора да биде уплатен во периодот на траење на една етапа од наградната игра;
  • Доколку тикетот, покрај минималниот број од 4 настани од кој секој треба да има минимална квота од 1,35 по настан, содржи и други настани со квота помала од 1,35, тикетот сепак учествува во наградната игра, но доколку тие други настани имаат квота помала од 1,35 истите не се земаат во предвид при пресметка.

Тикетите уплатени во периодот на траење на една етапа учествуваат само во таа конкретна етапа и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главната награда опишана во член 5 од овие Правила.

Доколку обложувањето на било кој спортски настан од тикетот се поништи од било која причина или од било која причина согласно Правилата на игра на Организаторот за тој настан се пресметува квота 1, тикетот сепак учествува во наградната игра, но тие настани не се земаат во предвид при пресметка.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во првата етапа од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 22.02.2022 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во втората етапа од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 01.03.2022 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во третата етапа од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 08.03.2022 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во четвртата етапа од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 15.03.2022 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во петтата етапа од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 22.03.2022 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во шесттата етапа од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 29.03.2022 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во седмата етапа од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 05.04.2022 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во осмата етапа од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 12.04.2022 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во деветтата етапа од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 19.04.2022 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во десеттата етапа од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 21:00 часот на ден 25.04.2022 година.

Во спротивно, тој тикет не се зема во предвид, односно се смета дека истиот не го исполнува условот за учество во конкретната етапа од наградната игра за дополнителните награди.

Доколку почетокот на одигрување на некој настан од тикетот од било која причина се помести за термин по наведениот во став 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 14 од точка 2 од овој член, тикетот сепак учествува во наградната игра, но согласно Правилата на игра на Организаторот ќе се чека најмногу до 50 часа за утврдување на исходот од настанот.

  1. Определување на добитници

За добитник во секоја од 10-те етапи поединечно од наградната игра за дополнителните награди се смета учесникот кој има уплатен недобитен тикет со најголем број погодени натпревари.

Доколку двајца или повеќе учесници имаат уплатен недобитен тикет со ист број на погодени натпревари, за добитник во секоја од 10-те етапи  поединечно, ќе се смета учесникот чии погодени натпревари имаат најголема квота за комбинација (вкупен коефициент од производот на погодените натпревари).

Доколку двајца или повеќе учесници имаат недобитен тикет со ист број на погодени натпревари, чии погодени натпревари имаат иста квота за комбинација (вкупен коефициент од производот на погодените натпревари), за добитник во секоја од 10-те етапи  поединечно ќе се смета учесникот кој прв го уплатил тикетот.

  1. Награден фонд

Организаторот во наградната игра на етапно ниво доделува вкупно 10 (десет) дополнителни награди и тоа:  10 (десет) парични награди во износ од по 61.800,00 денари.

Во секоја од 10-те етапи  ќе се доделува по 1(една) парична награда во износ од 61.800,00 денари за добитникот во секоја етапа.

  1. Постапка на приредувањето на наградната игра и извлекувањето на добитниците на дополнителните награди

Секој ден во текот на траењето на секоја од 10-те етапи од наградната игра за дополнителните награди, на уплатно-исплатните места и веб страна: www.mozzartbet.mk на Организаторот ќе биде истакнато известување со недобитниот тикет со најголем број погодени натпревари за тој ден кој ги исполнува услови од овие Правила.

Организаторот ќе врши рангирање и објавување на  недобитниот тикет со најголем број погодени натпревари во рок од 3 (три) дена по завршување на секоја етапа согласно термините наведени во точка 1 од овој член.

Доделувањето на секоја од дополнителните награди ќе се изврши во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните ранг листи и тоа со банкарски трансфер на средствата од страна на Организаторот на трансакциска сметка на добитникот, која добитникот ја доставил на Организаторот при предавање на недобитниот тикет согласно следниот став.

Услов за доделување на наградата е поседување на тикетот кој ги исполнува условите од овие Правила, а кој учесникот е должен да го предаде на Организаторот најдоцна во рок од 2 (два) дена од денот на објавувањето на резултатите.

Во случај учесникот да не се јави на уплатното-исплатно место на Организаторот во рок од претходниот став, победник во конкретната етапа ќе биде лицето со следниот недобитен тикет со најголем број погодени натпревари кој ќе се јави во рок од 2 (два) дена од истекот на рокот наведен во претходниот став.

Правилото од претходниот став се применува и во евентуални случаи на непојавување на учесник со следен најдобар тикет во наведениот рок.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Замена на награди

Член 8

Добитниците на наградите од наградната игра не може да ја менуваат наградата за пари, ниту за било која друга награда.

Забрана за учество во наградната игра

Член 9

Учеството во Наградната игра на вработените кај Организаторот, како и членовите на нивните потесни семејства, е забрането.

Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра.

Начин на запознавање на учесниците со наградната игра

Член 10

Правилата на наградна игра по добиена согласност од страна на Министерство за финансии, ќе бидат објавени на сајтот www.mozzartbet.mk и на уплатно-исплатните места на Организаторот.

Право на приговор

Член 11

Незадоволниот учесник има право на писмен приговор до Организаторот во рок од 1 (еден) ден од денот на објавувањето на добитниците на наградите и тоа на адреса Бул.8-ми Септември бр. 16, 1000 Скопје.

Организаторот ќе достави писмен одговор на приговорот во рок од 2 (два) дена од денот на приемот на истиот.

Обработка на лични податоци

Член 12

При превземање на наградите добитниците се должни да ги дадат своите лични податоци на претставникот на Организаторот и да дадат на увид важечка лична карта или патна исправа, како и да потпишат потврда за прием на наградата или записник за примопредавање на наградата.

Добитниците од наградната игра му даваат согласност и право на Организаторот или агенцијата која Организаторот ја ангажирал, со цел на промовирање на наградна игра, да може да ги користи личните податоци на добитниците: име и презиме, слика, како и аудио и видео материјал без право на надокнада и без временско и територијално ограничување или ограничување во број на користења.

Примена на Правилата на наградна игра

Член 13

Овие правила на наградна игра ќе се применуваат по добиена согласност од страна на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и по нивно јавно објавување.

Организатор

ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје

Управитeл

Слободан Веселиновиќ