Mozzart Промо

ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ „ПОГОДИ НАЈГОЛЕМ БРОЈ НАТПРЕВАРИ“

Врз основа на одлука на Друштвото за приредување на игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје, од ден 31.07.2020 година, заведена под број 03-3819, за организирање на натпревар во знаење со назив „ПОГОДИ НАЈГОЛЕМ БРОЈ НАТПРЕВАРИ“, управителот на друштвото на ден 31.07.2020 година, донесува:

 ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

ПОГОДИ НАЈГОЛЕМ БРОЈ НАТПРЕВАРИ

 Член 1

Друштво за приредување игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје, со седиште на Бул.8-ми Септември бр. 16, Скопје (во понатамошен текст: Организатор) организира натпревар во знаење под назив „ ПОГОДИ НАЈГОЛЕМ БРОЈ НАТПРЕВАРИ “.

Член 2

Во наградниот натпревар со право на учество по автоматизам се стекнуваат сите полнолетни учесници во интернет обложувањето (лица над 18 – годишна возраст), учесници кои воедно се регистрирани членови на Mozzart клубот, кои е-тикетите за интернет обложување, ги уплатиле преку веб апликација (веб страна/веб платформа) или мобилна апликација на Организаторот, во периодот на времетраење на натпреварот во знаење и тоа од 07:00 часот на ден 04.08.2020  до 21:00  часот на ден 14.09.2020 година, без разлика дали е-тикетите се добитни или недобитни, а согласно етапите опишани во член 3 од овие Правила (во понатамошниот текст: учесник).

Во наградниот натпревар учествуваат само е-тикетите за интернет обложување уплатени преку веб апликација (веб страна/веб платформа) или мобилна апликација на Организаторот во периодот на траење на Натпреварот во знаење.

Е-тикетот може да биде добитен или недобитен.

Сите настани на е-тикетот кои се предмет на интернет обложувањето мора да бидат спортски настани (резултати на поединечни или групни спортски настани, одредени настани во тек на натпреварот во знаење и др.). Минимален број на настани на е-тикетот е 4, при што секој од тие 4 настани треба да имаат минимална квота 1,35 по настан.

Доколку е-тикетот, покрај минималниот број од 4 настани од кој секој треба да има минимална квота од 1,35 по настан, содржи и други настани со квота помала од 1,35, е-тикетот сепак учествува во натпреварот во знаење, но доколку тие други настани имаат квота помала од 1,35 истите не се земаат во предвид при пресметка.

Доколку интернет обложувањето на било кој спортски настан од е-тикетот се поништи од било која причина или од било која причина согласно Правилата на натпреварот на Организаторот за тој настан се пресметува квота 1, е-тикетот сепак учествува во натпреварот во знаење, но тие настани не се земаат во предвид при пресметка.

Системски е-тикети, како и е-тикетите за интернет обложување во живо (Live Bet) не учествуваат во натпреварот во знаење.

Член 3

Натпреварот во знаење започнува на ден 04.08.2020 во 07:00 часот и ќе трае до 21:00 часот на ден 14.09.2020 година.

Натпреварот во знаење ќе се одвива во 6 (шест) етапи, кои ќе се реализираат на следниот начин:

  • Во првата етапа учествуваат е-тикетите за интернет обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 04.08.2020 година до 06:59 часот на ден 11.08.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи;
  • Во втората етапа учествуваат е-тикетите за интернет обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 11.08.2020 година до 06:59 часот на ден 18.08.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи;
  • Во третата етапа учествуваат е-тикетите за интернет обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 18.08.2020 година до 06:59 часот на ден 25.08.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи;
  • Во четвртата етапа учествуваат е-тикетите за интернет обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 25.08.2020 година до 06:59 часот на ден 01.09.2020 година и истите учествуваат само во оваа етапа;
  • Во петтата етапа учествуваат е-тикетите за интернет обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 01.09.2020 година до 06:59 часот на ден 08.09.2020 година и истите учествуваат само во оваа етапа;
  • Во шестата етапа учествуваат е-тикетите за интернет обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 08.09.2020 година до 21:00 часот на ден 14.09.2020 година и истите учествуваат само во оваа етапа.

По завршување на секоја етапа од натпреварот во знаење, системот се рестартира при што бројот на погодени натпревари од секоја завршената етапа не се префрлува и не учествуваат во било која следна етапа. Бројот на погодени натпревари со почеток на секоја нова етапа се брише.

Член 4

Е-тикетите уплатени во периодот на траење на една етапа учествуваат само во таа етапа од натпреварот во знаење и истите не учествуваат и не се земаат во предвид во било која друга етапа од натпреварот во знаење.

Определувањето на почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на е-тикетот во секоја поединечна етапа, ќе се реализира на следниот начин:

  • Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на е-тикетот кој учествува во првата етапа од натпреварот во знаење мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 11.08.2020 година;
  • Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на е-тикетот кој учествува во втората етапа од натпреварот во знаење мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 18.08.2020 година;
  • Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на е-тикетот кој учествува во третата етапа од натпреварот во знаење мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 25.08.2020 година;
  • Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на е-тикетот кој учествува во четвртата етапа од натпреварот во знаење мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 01.09.2020 година;
  • Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на е-тикетот кој учествува во петтата етапа од натпреварот во знаење мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 08.09.2020 година;
  • Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на е-тикетот кој учествува во шестата етапа од натпреварот во знаење мора да биде најдоцна до 21:00 часот на ден 14.09.2020 година.

Доколку почетокот на одигрување на некој настан од е-тикетот од било која причина се помести и/или одложи  за термин по наведените во став 2 од овој член, е-тикетот сепак учествува во натпреварот во знаење, но тие настани не се земаат во предвид при пресметка.

Учеството во натпреварот во знаење на вработените кај Организаторот, како и членовите на нивните потесни семејства, е забрането.

Лица под 18 години не може да учествуваат во натпреварот во знаење.

Член 5

Пласирањето на учесници ќе се одвива на следниот начин:

  • За Првопласиран во секоја поединечна етапа од натпреварот во знаење се смета учесникот кој има е-тикет со најголем број погодени натпревари;
  • За Второпласиран во секоја поединечна етапа од натпреварот во знаење се смета учесникот кој има е-тикет со втор по ред најголем број погодени натпревари;
  • За Третопласиран во секоја поединечна етапа од натпреварот во знаење се смета учесникот кој има е-тикет со трет по ред најголем број погодени натпревари;
  • За Четвртопласиран во секоја поединечна етапа од натпреварот во знаење се смета учесникот кој има е-тикет со четврти по ред најголем број погодени натпревари;
  • За Петопласиран во секоја поединечна етапа од натпреварот во знаење се смета учесникот кој има е-тикет со петти по ред најголем број погодени натпревари.

Доколку двајца или повеќе учесници имаат е-тикет со ист број на погодени натпревари, за добитник во секоја поединечна етапа од натпреварот во знаење ќе се смета учесникот чии погодени натпревари имаат најголема квота за комбинација (вкупен коефициент од производот на погодените натпревари).

Доколку двајца или повеќе учесници имаат е-тикет со ист број на погодени натпревари, чии погодени натпревари имаат иста квота за комбинација (вкупен коефициент од производот на погодените натпревари), за добитник во секоја поединечна етапа од натпреварот во знаење ќе се смета учесникот кој прв го уплатил е-тикетот.

 Член 6

Организаторот доделува 5 (пет) подароци во секоја поединечна етапа, и тоа:

  • Првопласираниот во секоја поединечна етапа е добитник на прв подарок и добива тротинет Xiaomi MI 365;
  • Второпласираниот во секоја поединечна етапа е добитник на втор подарок и добива 30 (триесет) ваучери со поединечна вредност од 200,00 денари за обложување во уплатно – исплатните места на Организаторот;
  • Третопласираниот во секоја поединечна етапа е добитник на трет подарок и добива 30 (триесет) ваучери со поединечна вредност од 100,00 денари за обложување во уплатно – исплатните места на Организаторот;
  • Четвртопласираниот во секоја поединечна етапа е добитник на четврт подарок и добива 30 (триесет) ваучери со поединечна вредност од 50,00 денари за обложување во уплатно – исплатните места на Организаторот;
  • Петтопласираниот во секоја поединечна етапа е добитник на петти подарок и добива 30 (триесет) ваучери со поединечна вредност од 20,00 денари за обложување во уплатно – исплатните места на Организаторот.

Член 7

Секој ден во текот на траењето на секоја од шестте етапи од натпреварот во знаење, на интернет страницата на Организаторот на натпреварот во знаење ќе биде истакната ранг листа на која ќе бидат прикажани пласманите на најуспешните 5 (пет) е-тикети во етапата која се одвива во моментот, односно 5 (пет) е-тикети со најголем број погодени натпревари. Ранг листата ќе биде постојано истакната и редовно ажурирана.

Во рок од 2 (два) дена по завршување на секоја етапа Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на најуспешните 5 (пет) е-тикети за кои во текот на траењето на конкретната етапа од натпреварот во знаење било истакнато известување на својата интернет страница.

Член 8

Во случај учесниците да не се јават на Организаторот во рок од 4 (четири) дена од денот на објавувањето на конечната ранг листа за секоја етапа согласно став 2 од член 7 во овие правила, добитник во поединечна етапа од натпреварот во знаење ќе биде лицето со следниот најуспешен е-тикет, односно со следниот е-тикет со најголем број погодени натпревари кој ќе се јави во рок од 4 (четири) дена од истекот на рокот наведен во овој став.

Правилото од став 1 во овој член се применува и во евентуални случаи на непојавување на учесник со следен најуспешен е-тикет во наведениот рок.

Член 9

Доделувањето на подароците ќе се изврши во рок од 60 од денот на објавувањето на конечната ранг листа за секоја поединечна етапа.

Добитникот во секоја поединечна етапа од натпреварот во знаење не може да го менува подарокот за пари, ниту за било кој друг подарок.

Член 10

При превземање на подароците добитниците се должни да ги дадат своите лични податоци на претставникот на Организаторот и да дадат на увид важечка лична карта или патна исправа, како и да потпишат договор за прием на подарокот и записник за примопредавање на подарокот.

Добитниците во секоја поединечна етапа од натпреварот во знаење му даваат согласност и право на Организаторот или агенцијата која Организаторот ја ангажирал, со цел на промовирање на натпреварот во знаење, да може да ги користи личните податоци на добитниците: име и презиме, слика, како и аудио и видео материјал без право на надокнада и без временско и територијално ограничување или ограничување во број на користења.

 Член 11

Правилата на натпреварот во знаење ќе бидат објавени на интернет страницата на Организаторот.

Организатор

ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје

управитeл Слободан Веселиновиќ