Mozzart Промо

Правила на наградна игра „Mozzart те наградува“ – Добиј Samsung A71

Врз основа на одлука на Друштвото за приредување на игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје, од ден 13.07.2020 година, заведена под број 03-3593, за организирање на наградна игра со назив „MOZZART те наградува“ и врз основа на член 125, 126, 127, 128 и 129 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016 и 178/2016)  управителот на друштвото на ден 13.07.2020, донесува: 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

„MOZZART те наградува“

 Организатор на наградна игра

Член 1

Друштво за приредување игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје, со седиште на Бул.8-ми Септември бр. 16, Скопје (во понатамошен текст: Организатор) организира наградна игра под назив „MOZZART те наградува“.

Цел на наградната игра

Член 2

Целта на наградната игра е рекламирање на услугите кои ги нуди Спортската обложувалница MOZZART на уплатно-исплатни места на Организаторот во градот Охрид.

Име и времетраење на наградната игра

Член 3

Официјалниот назив на наградната игра е „MOZZART те наградува“.

Наградна игра започнува на ден 29.07.2020 во 09:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на ден 28.08.2020 година.

Опис и содржина на потврда врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра 

Член 4

За секоја извршената уплата на тикет, Организаторот му издава на учесникот фискална сметка и заверена потврда за учество во играта (тикет).

Сите полнолетни учесници во обложувањето (лица над 18 – годишна возраст) кои сакаат да учествуваат во наградната игра, потребно е да соберат фискални сметки за уплатени тикети во вкупен износ од 500 денари или повеќе. Фискалните сметки мора да бидат издадени за уплатени тикети во уплатно-исплатните места на Организаторот во градот Охрид со следниве адреси:

  • Подружница број 11 – уплатно место 9 Охрид, ул. Партизанска бр. 6А Охрид- Уплатно место Охрид 1
  • Подружница број 137 – уплатно место 91 Охрид, бул.Туристичка бр.9 Охрид- Уплатно место Охрид 2
  • Подружница број 45 – уплатно место 43 Охрид, Булевар Туристичка бр.79А Охрид- Уплатно место Охрид 3
  • Подружница број 200 – уплатно место 117 Охрид, ул. Гоце Делчев бр.259 Охрид- Уплатно место Охрид 4
  • Подружница број 302 – уплатно место 158 Охрид, ул. Јане Сандански бр.57 Охрид- Уплатно место Охрид 5

Фискалните сметки издадени за уплатени тикети во едно од наведените уплатни места може да учествуваат во наградната игра само на тоа уплатно место каде се издадени.

Фискални сметки кои се издадени во други уплатно-исплатни места на Организаторот, освен наведените во Правилата не учествуваат во наградната игра.

Собраните фискални сметки се ставаат во коверт кој треба да биде затворен и да содржи лични податоци за учесникот (име, презиме, адреса и телефонски број за контакт).

Ковертот треба да содржи фискални сметки издадени за уплатени тикети само за едно од наведените уплатни места и истиот треба да се остави во кутијата поставена на уплатното место каде што се издадени фискалните сметки.

Ковертот кој содржи фискални сметки за уплатени тикети на друго уплатно место различно од уплатното место каде коверот е оставен не се зема во предвид и не учествува во наградната игра.

Ковертот кој не содржи лични податоци за учесникот во наградната игра не се зема во предвид.

Услови за учество во наградната игра

Член 5

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни учесници во обложувањето (лица над 18 – годишна возраст) кои што собраните фискални сметки издадени за тикети уплатени на уплатно-исплатните места на Организаторот во градот Охрид во Република Северна Македонија, опишани во член 4 став 2 од овие Правила, во периодот на времетраење на наградната игра и тоа од 09:00 часот на ден 29.07.2020 до 24:00 часот на ден 28.08.2020 година, во вкупен износ од 500 денари и повеќе, заедно со своите лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број за контакт) ќе ги стават во затворен коверт и ќе ги остават во проѕирна кутија поставена на уплатно-исплатните места наведени во член 4 од овие Правила на Организаторот во Охрид каде фискалните сметки се издадени.

Еден учесник може да учествува во наградната игра со неограничен број на коверти.

Покрај другите услови од овие правила, за учество во наградната игра мора да се исполнат кумулативно и следниве услови:

  • Уплатените тикети за кои се издадени фискални сметки мора да имаат статус добитен, недобитен, активен или исплатен.
  • Сите фискални сметки за уплатени тикети кои учесникот ги става во еден коверт, а чии износ како збир мора да изнесува најмалку 500 денари, мора да бидат уплатени само на едно од уплатно-исплатни места на Организаторот во градот Охрид опишани во член 4 став 2 од овие Правила, во периодот на времетраење на Наградната игра, при што ковертот мора да биде оставен на уплатно-исплатното место каде што сите тие тикети се уплатени.
  • Фискалните сметки потребно е да се во оригинал.

Фискалните сметки од сторнираните тикети не учествуваат во наградната игра.

Во наградната угра учествуваат исклучиво фискалните сметки издадени за уплатени тикети. Издадените фискални сметки кои содржат други услуги и производи кои ги нуди Организаторот не учествуваат во наградната игра.

Учеството во Наградната игра на вработените кај Организаторот, како и членовите на нивните потесни семејства, е забрането.

Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра.

 Награден фонд

Член 6

Организаторот за добитниците во наградната игра доделува вкупно 5 (пет) награди и тоа: х5 (пет) мобилни телефони Samsung Galaxy A71.

Постапка на приредувањето на наградната игра и извлекувањето на добитниците

Член 8

Извлекувањето на добитниците ќе се врши јавно на следниот начин:

– На ден 29.08.2020 година (сабота) со почеток во 18:00 часот извлекување на награди ќе се одржи на следното уплатно место: Подружница број 45 – уплатно место 43 Охрид,           Булевар Туристичка бр.79А Охрид- Уплатно место Охрид 3

– На ден 29.08.2020 година (сабота) со почеток во 19:00 часот извлекување на награди ќе се одржи на следното уплатно место: Подружница број 200 – уплатно место 117 Охрид, ул. Гоце Делчев бр.259 Охрид- Уплатно место Охрид 4

 – На ден 29.08.2020 година (сабота) со почеток во 20:00 часот извлекување на награди ќе се одржи на следното уплатно место: Подружница број 11 – уплатно место 9 Охрид, ул. Партизанска бр. 6А Охрид- Уплатно место Охрид 1

 – На ден 30.08.2020 година (недела) со почеток во 18:00 часот извлекување на награди ќе се одржи на следното уплатно место: Подружница број 137 – уплатно место 91         Охрид, бул.Туристичка бр.9 Охрид- Уплатно место Охрид 2

 – На ден 30.08.2020 година (недела) со почеток во 19:00 часот извлекување на награди ќе се одржи на следното уплатно место: Подружница број 302 – уплатно место 158 Охрид, ул. Јане Сандански бр.57 Охрид- Уплатно место Охрид 5

Извлекувањето ќе се врши рачно од страна на лице кое ќе биде определено од страна на Организаторот.

Контролата на извлекувањето ќе биде спроведена од страна на Комисијата составена од 3 (три) члена која ја именува Организаторот, а која ќе утврди дали ковертите ги содржат потребните податоци согласно Правилата и дали фискалните сметки се во оригинал и издадени во уплатно-исплатните места на Организаторот со адреси наведени во член 4 од Правилата.

Член 9

Добитниците на наградите, Организаторот ќе ги објави во рок од три дена од денот на извлекувањето на наградите, на својата веб страна: http://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот во кои се одвивала наградната игра.

Член 10

Добитниците на наградите можат да ги подигнат своите награди лично, со приложување на документ за лична идентификација, во рок кој не може да биде подолг од 60 дена од денот на објавувањето на добитниците на наградите.

Добитниците можат да ги подигнат наградите од уплатно-исплатното место на кое се однесува наградата, како што е определено во член 8 од овие Правила.

 Замена на награди

Член 11

Добитниците на наградите не може да ја менуваат наградата за пари, нити за било која друга награда.

Начин на запознавање на учесниците со наградната игра

Член 12

Правилата на наградна игра по добиена согласност од страна на Министерство за финансии, ќе бидат објавени на сајтот https://promo.mozzartbet.mk/ и на уплатно-исплатните места на Организаторот наведени во член 4 од овие Правила.

Право на приговор

Член 13

Незадоволниот учесник има право на писмен приговор до Организаторот во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето на добитниците на наградите и тоа на адреса Бул.8-ми Септември бр. 16, 1000 Скопје.

Организаторот ќе достави писмен одговор на приговорот во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на истиот.

Обработка на лични податоци

Член 14

При превземање на наградите добитниците се должни да ги дадат своите лични податоци на претставникот на Организаторот и да дадат на увид важечка лична карта или патна исправа, како и да потпишат потврда за прием на наградата или записник за примопредавање на наградата.

Добитниците од наградна игра му даваат согласност и право на Организаторот или агенцијата која Организаторот ја ангажирал, со цел на промовирање на наградна игра, да може да ги користи личните податоци на добитниците: име и презиме, слика, како и аудио и видео материјал без право на надокнада и без временско и територијално ограничување или ограничување во број на користења.

Завршни одредби

Член 15

Овие правила на наградна игра ќе се применуваат по добиена согласност од страна на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и по нивно јавно објавување.

 

         Организатор

ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје

             Управитeл

                                                                                                                        Слободан Веселиновиќ