Mozzart Промо

Правила на наградната игра „ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА“

Врз основа на одлука на Друштвото за приредување на игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје, од ден 28.01.2020 година, заведена под број 03-659, за организирање на наградна игра со назив „ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА“ и врз основа на член 125, 126, 127,1 28 и 129 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016 и 178/2016) управителот на друштвото на ден 28.01.2020, донесува:

 ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА

 ОПШТИ ОДРЕДБИ

Организатор на наградна игра

Член 1

Друштво за приредување игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје, со седиште на Бул.8-ми Септември бр. 16, Скопје (во понатамошен текст: Организатор) организира наградна игра под назив „ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА“.

Цел на наградната игра

Член 2

Целта на наградната игра е рекламирање на услугите кои ги нуди Спортската обложувалница MOZZART.

Име и времетраење на наградната игра

Член 3

Официјалниот назив на наградната игра е „ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА“.

Наградна игра започнува на ден 18.02.2020 во 07:00 часот и ќе трае до 21:00 часот на ден 27.04.2020 година.

Опис и содржина на потврдата врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра

Член 4

За извршената уплата на тикет, Организаторот му издава на учесникот заверена потврда за учество во играта (тикет), која претставува доказ за учество на учесникот во наградната игра.

НАГРАДНА ИГРА

Правила на наградната игра

Член 5

  1. Право на учество и услови

Во наградната игра за доделување на главни награди со право на учество по автоматизам се стекнуваат сите полнолетни учесници во обложувањето (лица над 18- годишна возраст) кои тикетите за обложување, ги уплатиле на било кое уплатно-исплатно место на Организаторот на територијата на Република Северна Македонија, во периодот на времетраење на наградната игра и тоа почнувајќи од 07:00 часот на ден 18.02.2020  до 21:00 часот на ден 27.04.2020 година и кои ги исполнуваат условите утврдени во овие правила (во понатамошниот текст: учесник).

Покрај другите општи услови од овие правила, тикетите кои учествуваат во наградната игра мораат да ги исполнуваат кумулативно и следниве услови:

  • Сите настани на тикетот кои се предмет на обложувањето мора да бидат спортски настани (резултати на поединечни или групни спортски настани, одредени настани во тек на наградната игра и др.);
  • Минимален број на настани на тикетот е 4, при што секој од тие 4 настани треба да имаат минимална квота 1,35 по настан;
  • Условот не го исполнуваат “системски” тикети, како и тикетите за обложување во живо (Live Bet);
  • Услов не исполнуваат тикети со еден промашен пар кои кај Организаторот остваруваат право на бенефиција “Промаши, а наплати”
  • Минимална уплата по тикет е 20 денари (дваесет денари)
  • Тикетот мора да биде уплатен во периодот на траење на Наградната игра.
  • Доколку тикетот, покрај минималниот број од 4 настани од кој секој треба да има минимална квота од 1,35 по настан, содржи и други настани со квота помала од 1,35, тикетот исполнува услов за учество во наградната игра, при што доколку тие други настани имаат квота помала од 1,35 истите не се земаат во предвид при пресметка на вкупниот коефициент.

Доколку обложувањето на било кој спортски настан од тикетот се поништи од било која причина или од било која причина согласно Правилата на игра на Организаторот, за тој настан се пресметува квота 1, при што тој настан не се зема во предвид при пресметка на вкупниот коефициент.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот мора да биде најдоцна до 21:00 часот на ден 27.04.2020 година. Во спротивно, тој тикет не се зема во предвид, односно не го исполнува условот за учество во наградната игра.

Доколку почетокот на одигрување на некој настан од тикетот од било која причина се помести за термин по наведениот во претходниот став од овие Правила, тој тикет не се зема во предвид односно не го исполнува условот за учество во наградната игра.

  1. Определување на добитници

За Победник на првата главна награда се смета учесникот кој има добитен тикет со најголема квота за комбинација (вкупен коефициент).

За Второпласиран за втората главна награда се смета учесникот кој има добитен тикет со втората најголема погодена квота за комбинација (вкупен коефициент), а за третопласиран за третата главна награда се смета учесникот кој има добитен тикет со третата најголема погодена квота за комбинација (вкупен коефициент).

Доколку двајца или повеќе учесници имаат добитен тикет со иста најголема квота за комбинација (вкупен коефициент), за Победник ќе се смета учесникот чиј тикет е временски прв уплатен.

  1. Награден фонд за главни награди

Организаторот доделува три главни награди и тоа:

  • Победникот на наградната игра добива возило марка Passat Elegance GTE PHEV (Hybrid), брендирано со име, лого и други податоци одредени од страна на Организаторот.
  • Второпласираниот добива електричен мопед Capri Elettrico брендиран со име, лого и други податоци одредени од страна на Организаторот.
  • Третопласираниот добива електричен точак Viper 29” E-BIKE.
  1. Постапка на приредувањето на наградната игра и извлекувањето на добитниците на главните награди

Секој ден во текот на траењето на наградната игра, на уплатно-исплатните места на Организаторот ќе биде истакнато известување со најуспешниот добитен тикет за тој ден, односно известување со добитен тикет со најголема квота по комбинација (вкупен коефициент) кој ги исполнува условите од овие Правила, при што на ден 28.04.2020 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на најуспешните добитни тикети за кои во текот на траењето на наградната игра било истакнато известување.

Шифрите на трите добитни тикети со најголема погодена квота, квотите и уплатните места на кои се одиграни тикетите, Организаторот ќе ги објави на ден 28.04.2020 година, на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.

Услов за доделување на наградата е поседување на тикетот кој ги исполнува условите од овие Правила, а кој учесникот е должен да го предаде на Организаторот најдоцна во рок од два дена од денот на објавувањето на резултатите, односно најдоцна до 30.04.2020 година.

Во случај учесниците да не се јават на уплатното-исплатно место на Организаторот во рок од претходниот став, победник, како и второпласираниот и третопласираниот во наградната игра ќе бидат лица со следниот добитен тикет со најголема квота по комбинација (вкупен коефициент) кои ќе се јават во рок од 2 дена од истекот на рокот наведен во претходниот став.

Правилото од претходниот став се применува и во евентуални случаеви на непојавување на учесник со следен најдобар тикет во наведениот рок.

Доделувањето на наградите ќе биде на ден 05.05.2020 година (вторник) во 19:00 часот, на уплатно-исплатното место во кое е уплатен добитниот тикет или на некое од уплатно-исплатните места на Организаторот, чија локација Организаторот ќе ја објави на својата веб страна https://promo.mozzartbet.mk/ најдоцна на 04.05.2020 година.

Дополнителни награди

Член 6

Воедно, Организаторот во текот на траењето на наградната игра, на неделно ниво ќе доделува и други дополнителни 10 (десет) награди.

Доделувањето на дополнителните 10 награди ќе се врши еднаш неделно во текот на целото времетраење на наградната игра.

  1. За доделувањето на дополнителните награди ќе се применуваат следните правила за учество и доделување:

Во првата недела (етапа) учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 18.02.2020 година до 06:59 часот на ден 25.02.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите недели (етапи) за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главните три награди опишани во член 5 од овие Правила.

Во втората недела (етапа)  учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 25.02.2020 година до 06:59 часот на ден 03.03.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите недели (етапи) за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главните три награди опишани во член 5 од овие Правила.

Во третата недела (етапа) учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 03.03.2020 година до 06:59 часот на ден 10.03.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите недели (етапи) за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главните три награди опишани во член 5 од овие Правила.

Во четвртата недела (етапа)  учествуваат тикетите за обложување уплатени во ериод од 07:00 часот на ден 10.03.2020 година до 06:59 часот на ден 17.03.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите недели (етапи) за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главните три награди опишани во член 5 од овие Правила.

Во петтата недела (етапа) учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 17.03.2020 година до 06:59 часот на ден 24.03.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите недели (етапи) за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главните три награди опишани во член 5 од овие Правила.

Во шестата недела (етапа) учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 24.03.2020 година до 06:59 часот на ден 31.03.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите недели (етапи) за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главните три награди опишани во член 5 од овие Правила.

Во седмата недела (етапа) учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 31.03.2020 година до 06:59 часот на ден 07.04.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите недели (етапи) за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главните три награди опишани во член 5 од овие Правила.

Во осмата недела (етапа) учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 07.04.2020 година до 06:59 часот на ден 14.04.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите недели (етапи) за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главните три награди опишани во член 5 од овие Правила.

Во деветтата недела (етапа) учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 14.04.2020 година до 06:59 часот на ден 21.04.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите недели (етапи) за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главните три награди опишани во член 5 од овие Правила.

Во десеттата недела (етапа) учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 21.04.2020 година до 21:00 часот на ден 27.04.2020 година и истите не учествуваат во ниту една од другите недели (етапи) за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главните три награди опишани во член 5 од овие Правила.

По завршување на секоја недела (етапа) која трае во период дефиниран во овој член, системот се рестартира при што квотите од секоја завршена недела (етапа) не се префрлуваат и не учествуваат во било која следна недела (етапа), ниту пак при извлекувањето на главните награди. Квотите од претходната недела (етапа)  со почеток на секоја нова недела (етапа) се бришат.

  1. Право на учество и услови

Во доделувањето на дополнителните награди со право на учество по автоматизам се стекнуваат сите полнолетни учесници во обложувањето (лица над 18- годишна возраст) кои тикетите за обложување ги уплатиле на било кое уплатно-исплатно место на Организаторот на територијата на Република Северна Македонија, во периодот на времетраење на наградната игра и тоа почнувајќи од 07:00 часот на ден 18.02.2020  до 21:00 часот на ден 27.04.2020 година, а согласно времетраењето на 10-те недели (етапи)  опишани во точка 1 од овој член (во понатамошниот текст: учесник).

Покрај другите услови од овие правила, тикетите кои учествуваат во било која од 10-те недели (етапи) од наградната игра за дополнителните награди, опишани во точка 1 од овој член, мораат да ги исполнуваат кумулативно и следниве услови:

  • Сите настани на тикетот кои се предмет на обложувањето мора да бидат спортски настани (резултати на поединечни или групни спортски настани, одредени настани во тек на наградната игра и др.);
  • Минимален број на настани на тикетот е 4, при што секој од тие 4 настани треба да имаат минимална квота 1,35 по настан;
  • Минимална уплата по тикет е 20 денари (дваесет денари)
  • На уплатениот тикет мора да има само еден промашен пар/настан;
  • Производот на погодените парови/настан мора да биде најголем во тековниот период (недела);
  • Настаните на тикетот да започнуваат најрано и најдоцна во утврдениот тековен период (недела);
  • “Системски” тикети, како и тикетите за обложување во живо (Live Bet) не учестуваат во наградната игра;
  • Тикетот мора да биде уплатен во периодот на траење на една недела(етапа) од наградната игра;
  • Доколку тикетот, покрај минималниот број од 4 настани од кој секој треба да има минимална квота од 1,35 по настан, содржи и други настани со квота помала од 1,35, тикетот исполнува услов за учество во наградната игра, при што доколку тие други настани имаат квота помала од 1,35 истите не се земаат во предвид при пресметка на вкупниот коефициент.

Тикетите уплатени во периодот на траење на една недела (етапа) учествуваат само во таа конкретна недела (етапа) и истите не учествуваат во ниту една од другите недели (етапи) за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при извлекувањето на главните три награди опишани во член 5 од овие Правила.

Доколку обложувањето на било кој спортски настан од тикетот се поништи од било која причина или од било која причина согласно Правилата на игра на Организаторот за тој настан се пресметува квота 1, тој настан не се зема во предвид при пресметка на вкупниот коефициент.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во првата недела (етапа)  од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 25.02.2020 година.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во втората недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 03.03.2020 година.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во третата недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 10.03.2020 година.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во четвртата недела (етапа)  од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 17.03.2020 година.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во петтата недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 24.03.2020 година.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во шестата недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 31.03.2020 година.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во седмата недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 07.04.2020 година.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во осмата недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 14.04.2020 година.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во деветтата недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 21.04.2020 година.

Почеток на одигрување на последниот спортски настан кој се наоѓа на тикетот кој учествува во десеттата недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди мора да биде најдоцна до 21:00 часот на ден 27.04.2020 година.

Во спротивно, тој тикет не се зема во предвид, односно се смета дека истиот не го исполнува условот за учество во конкретната недела (етапа)  од наградната игра за дополнителните награди.

Доколку почетокот на одигрување на некој настан од тикетот од било која причина се помести за термин по наведениот во став 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 14 од точка 2 од овој член, тој тикет не се зема во предвид односно се смета дека истиот не го исполнува условот за учество во наградната игра.

  1. Определување на добитници

За добитник во секоја од 10-те недели (етапи) поединечно од наградната игра за дополнителните награди се смета учесникот кој има уплатен тикет со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар.

Доколку двајца или повеќе учесници имаат уплатен тикет со иста најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар за добитник во секоја од 10-те недели (етапи)  поединечно, ќе се смета учесникот чиј тикет е временски прв уплатен.

  1. Награден фонд

Организаторот во наградната игра на неделно ниво доделува вкупно 10 (десет) дополнителни награди и тоа: 10 електрични тротинети Xiaomi MI 365.

Во секоја од 10-те недели (етапи)  ќе се доделува по 1 награда – електричен тротинет Xiaomi MI 365.

  1. Постапка на приредувањето на наградната игра и извлекувањето на добитниците на дополнителните награди

Секој ден во текот на траењето на секоја од 10-те недели (етапи) од наградната игра за дополнителните награди, на уплатно-исплатните места на Организаторот ќе биде истакнато известување со тикетот со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар за тој ден кој ги исполнува услови од овие Правила, при што:

  • На ден 26.02.2020 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на тикетот со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар за кој во текот на траењето на првата недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.
  • На ден 04.03.2020 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на тикетот со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар за кој во текот на траењето на втората недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.
  • На ден 11.03.2020 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на тикетот со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар за кој во текот на траењето на третата недела недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.
  • На ден 18.03.2020 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на тикетот со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар за кој во текот на траењето на четвртата недела (етапа)   од наградната игра за дополнителните награди било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.
  • На ден 25.03.2020 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на тикетот со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар за кој во текот на траењето на петтата недела недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.
  • На ден 01.04.2020 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на тикетот со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар за кој во текот на траењето на шестата недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.
  • На ден 08.04.2020 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на тикетот со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар за кој во текот на траењето на седмата недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.
  • На ден 15.04.2020 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на тикетот со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар за кој во текот на траењето на осмата недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.
  • На ден 22.04.2020 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на тикетот со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар за кој во текот на траењето на деветтата недела(етапа) од наградната игра за дополнителните награди било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.
  • На ден 28.04.2020 година Организаторот ќе изврши рангирање и објавување на тикетот со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар за кој во текот на траењето на десеттата недела (етапа) од наградната игра за дополнителните награди било истакнато известување на својата веб страна: https://promo.mozzartbet.mk/, како и на сите уплатно-исплатни места на Организаторот.

Доделувањето на секоја од дополнителните награди ќе биде извршено на уплатно-исплатното место во кое е уплатен тикетот со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар.

Услов за доделување на било која од дополнителните награди е поседување на тикетот кој ги исполнува условите од овие Правила, а кој учесникот е должен да го предаде на Организаторот најдоцна во рок од еден ден од денот на објавувањето на резултатите за секоја недела(етапа) согласно датумите предвидени во точка 5 од овој член.

Во случај учесниците да не се јават на уплатното-исплатно место на Организаторот во рокот од претходниот став, добитник на неделно ниво ќе биде лицето со следниот тикет со најголема квота на производот на погодени парови/настани и еден промашен пар кој ќе се јави во рок од 1 ден од истекот на рокот наведен во претходниот став.

Правилото од претходниот став се применува и во евентуални случаеви на непојавување на учесник со следен тикет во наведениот рок.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Замена на награди

Член 8

Добитниците на наградите од наградната игра не може да ја менуваат наградата за пари, ниту за било која друга награда.

Забрана за учество во наградната игра

Член 9

Учеството во Наградната игра на вработените кај Организаторот, како и членовите на нивните потесни семејства, е забрането.

Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра.

Начин на запознавање на учесниците со наградната игра

Член 10

Правилата на наградна игра по добиена согласност од страна на Министерство за финансии, ќе бидат објавени на сајтот www.mozzartbet.mk и на уплатно-исплатните места на Организаторот.

Право на приговор

Член 11

Незадоволниот учесник има право на писмен приговор до Организаторот во рок од 1 (еден) ден од денот на објавувањето на добитниците на наградите и тоа на адреса Бул.8-ми Септември бр. 16, 1000 Скопје.

Организаторот ќе достави писмен одговор на приговорот во рок од 2 (два) дена од денот на приемот на истиот.

Обработка на лични податоци

Член 12

При превземање на наградите добитниците се должни да ги дадат своите лични податоци на претставникот на Организаторот и да дадат на увид важечка лична карта или патна исправа, како и да потпишат потврда за прием на наградата или записник за примопредавање на наградата.

Добитниците од наградната игра му даваат согласност и право на Организаторот или агенцијата која Организаторот ја ангажирал, со цел на промовирање на наградна игра, да може да ги користи личните податоци на добитниците: име и презиме, слика, како и аудио и видео материјал без право на надокнада и без временско и територијално ограничување или ограничување во број на користења.

Примена на Правилата на наградна игра

Член 13

Овие правила на наградна игра ќе се применуваат по добиена согласност од страна на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и по нивно јавно објавување.

 

 

 

                                                                                                      Организатор

  ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје

                                                                                                         Управитeл

                                                                                                       Слободан Веселиновиќ