Mozzart Промо

Правила на наградната игра „Погоди го најдолгиот тикет“

Врз основа на одлука на Друштвото за приредување на игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје, од ден 20.10.2021 година, заведена под број 03-6257 за организирање на наградна игра со назив „ПОГОДИ ГО НАЈДОЛГИОТ ТИКЕТ“ и врз основа на член 125, 126, 127,128 и 129 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016 и 178/2016) управителот на друштвото на ден 20.10.2021 година, донесува:

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

ПОГОДИ ГО НАЈДОЛГИОТ ТИКЕТ

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Организатор на наградна игра

Член 1

Друштво за приредување игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје, со седиште на Бул.8-ми Септември бр. 16, Скопје (во понатамошен текст: Организатор) организира наградна игра под назив „ПОГОДИ ГО НАЈДОЛГИОТ ТИКЕТ“.

Цел на наградната игра

Член 2

Целта на наградната игра е рекламирање на услугите кои ги нуди Спортската обложувалница MOZZART.

Име и времетраење на наградната игра

Член 3

Официјалниот назив на наградната игра е „ПОГОДИ ГО НАЈДОЛГИОТ ТИКЕТ“

Наградна игра започнува на ден 16.11.2021 во 07:00 часот и ќе трае до 21:00 часот на ден 27.12.2021 година.

Опис и содржина на потврдата врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра

Член 4

За извршената уплата на тикет, Организаторот му издава на учесникот заверена потврда за учество во играта (тикет), коj претставува доказ за учество на учесникот во наградната игра.

НАГРАДНА ИГРА

Правила на наградната игра

Член 5

  1. Право на учество и услови

Во наградната игра за доделување на главните награди со право на учество по автоматизам се стекнуваат сите полнолетни учесници во обложувањето (лица над 18 – годишна возраст) кои тикетите за обложување, ги уплатиле на било кое уплатно-исплатно место на Организаторот на територијата на Република Северна Македонија на Организаторот, во периодот на времетраење на наградната игра и тоа почнувајќи од 07:00 часот на ден 16.11.2021  до 21:00 часот на ден 27.12.2021 година и кои ги исполнуваат условите утврдени во овие правила (во понатамошниот текст: учесник).

Покрај другите општи услови од овие правила, тикетите кои учествуваат во наградната игра мораат да ги исполнуваат кумулативно и следниве услови:

  • Тикетот мора да биде добитен;
  • Сите настани на тикетот кои се предмет на обложувањето мора да бидат спортски настани (резултати на поединечни или групни спортски настани, одредени настани во тек на наградната игра и др.);
  • Минимален број на настани на тикетот е 4, при што секој од тие 4 настани треба да имаат минимална квота 1,35 по настан;
  • Доколку тикетот, покрај минималниот број од 4 настани од кој секој треба да има минимална квота од 1,35 по настан, содржи и други настани со квота помала од 1,35, тикетот сепак учествува во наградната игра, но доколку тие други настани имаат квота помала од 1,35 истите не се земаат во предвид при пресметка.
  • Условот не го исполнуваат “системски” тикети, како и тикетите за обложување во живо (Live Bet);
  • Услов не исполнуваат тикети со еден промашен пар кои кај Организаторот остваруваат право на бенефиција “Промаши, а наплати”;
  • Тикетот може да содржи настани од Бонус квота;
  • Минимална уплата по тикет е 20 денари (дваесет денари);
  • Тикетот мора да биде уплатен во периодот на траење на една етапа од наградната игра за главните награди;

Доколку обложувањето на било кој спортски настан од тикетот се поништи од било која причина или од било која причина согласно Правилата на игра на Организаторот, за тој настан се пресметува квота 1, тикетот сепак учествува во наградната игра, но тие настани не се земаат во предвид при пресметка.

  1. За доделувањето на главните награди ќе се применуваат следните правила за учество и доделување:

Во првата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 16.11.2021 година до 06:59 часот на ден 23.11.2021 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на главните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при доделувањето на дополнителните награди опишани во член 6 од овие Правила.

Во втората етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 23.11.2021 година до 06:59 часот на ден 30.11.2021 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на главните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при доделувањето на дополнителните награди опишани во член 6 од овие Правила.

Во третата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 30.11.2021 година до 06:59 часот на ден 07.12.2021 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на главните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при доделувањето на дополнителните награди опишани во член 6 од овие Правила.

Во четвртата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 07.12.2021 година до 06:59 часот на ден 14.12.2021 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на главните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при доделувањето на дополнителните награди опишани во член 6 од овие Правила.

Во петтата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 14.12.2021 година до 06:59 часот на ден 21.12.2021 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на главните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при доделувањето на дополнителните награди опишани во член 6 од овие Правила.

Во шестата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 07:00 часот на ден 21.12.2021 година до 21:00 часот на ден 27.12.2021 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на главните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при доделувањето на дополнителните награди опишани во член 6 од овие Правила.

Тикетите уплатени во периодот на траење на една етапа учествуваат само во таа конкретна етапа и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на главните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при доделувањето на дополнителните награди опишани во член 6  од овие Правила.

По завршување на секоја етапа која трае во период дефиниран во овој член, системот се рестартира при што погодените натпревари од секоја завршена етапа не се префрлуваат и не учествуваат во било која следна етапа, ниту пак при доделувањето на дополнителните награди. Погодените натпревари од претходната етапа со почеток на секоја нова етапа се бришат.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во првата етапа од наградната игра за главните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 23.11.2021 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во втората етапа од наградната игра за главните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 30.11.2021 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во третата етапа од наградната игра за главните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 07.12.2021 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во четвртата етапа од наградната игра за главните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 14.12.2021 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во петтата етапа од наградната игра за главните награди мора да биде најдоцна до 06:59 часот на ден 21.12.2021 година.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во шесттата етапа од наградната игра за главните награди мора да биде најдоцна до 21:00 часот на ден 27.12.2021 година.

Во спротивно, тој тикет не се зема во предвид, односно се смета дека истиот не го исполнува условот за учество во конкретната етапа од наградната игра за главните награди.

Доколку почетокот на одигрување на некој настан од тикетот од било која причина се помести за термин по наведениот во став 9, 10, 11, 12, 13, 14 од точка 2 од овој член, тикетот сепак учествува во наградната игра, но согласно Правилата на игра на Организаторот ќе се чека најмногу до 50 часа за утврдување на исходот од настанот.

  1. Определување на добитник

За добитник во секоја од 6-те етапи поединечно од наградната игра за главните награди се смета учесникот кој има уплатен добитен тикет кој ги исполнува условите од овие Правила со најголем број погодени натпревари.

Доколку двајца или повеќе учесници имаат уплатен добитен тикет со ист број на погодени натпревари, за добитник во секоја од 6-те етапи  поединечно, ќе се смета учесникот чии погодени натпревари имаат најголема квота за комбинација (вкупен коефициент од производот на погодените натпревари).

Доколку двајца или повеќе учесници имаат добитен тикет со ист број на погодени натпревари, чии погодени натпревари имаат иста квота за комбинација (вкупен коефициент од производот на погодените натпревари), за добитник во секоја од 6-те етапи  поединечно ќе се смета учесникот кој прв го уплатил тикетот.

  1. Награден фонд за главните награди

Доделувањето на наградите ќе се врши етапно во 6 (шест) етапи.

Организаторот во наградната игра на етапно ниво доделува вкупно 6 (шест) награди и тоа: 6 парични нагрaди во износ од по 61.800,00 денари.

Во секоја од 6-те етапи ќе се доделува по 1 (една) парична награда во износ од 61.800,00 денари за победникот во секоја од 6-те етапи.

  1. Постапка на приредувањето на наградната игра и извлекувањето на добитниците на главните награди

Секој ден во текот на траењето на секоја од 6-те етапи од наградната игра за главните награди, на уплатно-исплатните места и веб страна: www.mozzartbet.mk на Организаторот ќе биде истакнато известување со добитниот тикет со најголем број погодени натпревари за тој ден кој ги исполнува услови од овие Правила.

Организаторот ќе врши рангирање и објавување на добитниот тикет со најголем број погодени натпревари во рок од 3 (три) дена по завршување на секоја етапа согласно термините наведени во точка 2 од овој член.

Доделувањето на секоја од главните награди ќе се изврши во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните ранг листи и тоа со банкарски трансфер на средствата од страна на Организаторот на трансакциска сметка на добитникот, која добитникот ја доставил на Организаторот при предавање на добитниот тикет согласно следниот став.

Услов за доделување на наградата е поседување на тикетот кој ги исполнува условите од овие Правила, а кој учесникот е должен да го предаде на Организаторот најдоцна во рок од  2 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Во случај учесникот да не се јави на уплатното-исплатно место на Организаторот во рок од претходниот став, победник во конкретната етапа ќе биде лицето со следниот добитен тикет со најголем број погодени натпревари кој ќе се јави во рок од 2 дена од истекот на рокот наведен во претходниот став.

Правилото од претходниот став се применува и во евентуални случаи на непојавување на учесник со следен најдобар тикет во наведениот рок.

Дополнителни награди

Член 6

Воедно, Организаторот во текот на траењето на наградната игра, ќе доделува и други дополнителни 42 (четириесет и две) награди.

Доделувањето на дополнителните 42 награди ќе се врши етапно во текот на целото времетраење на наградната игра, во 42 (четириесет и две) етапи.

  1. Право на учество и услови

Во наградната игра за доделување нa дополнителните награди со право на учество по автоматизам се стекнуваат сите полнолетни учесници во обложувањето (лица над 18 – годишна возраст) кои тикетите за обложување, ги уплатиле на било кое уплатно-исплатно место на Организаторот на територијата на Република Северна Македонија, во периодот на времетраење на наградната игра и тоа почнувајќи од 07:00 часот на ден 16.11.2021  до 21:00 часот на ден 27.12.2021 година и кои ги исполнуваат условите утврдени во овие правила (во понатамошниот текст: учесник).

Во наградната игра за дополнителните награди учествуваат сите недобитни тикети кои содржат минимум 1(еден) промашен пар на тикетот.

Покрај другите услови од овие правила, тикетите кои учествуваат во било која од 42-те етапи од наградната игра за дополнителните награди, опишани во точка 2 од овој член, мораат да ги исполнуваат кумулативно и следниве услови:

  • Уплатениот тикет мора да биде недобитен и да содржи минимум 1 (еден) промашен пар;
  • Сите настани на тикетот кои се предмет на обложувањето мора да бидат спортски настани (резултати на поединечни или групни спортски настани, одредени настани во тек на наградната игра и др.);
  • Минимален број на настани на тикетот е 4, при што секој од тие 4 настани треба да имаат минимална квота 1,35 по настан;
  • Доколку тикетот, покрај минималниот број од 4 настани од кој секој треба да има минимална квота од 1,35 по настан, содржи и други настани со квота помала од 1,35, тикетот сепак учествува во наградната игра, но доколку тие други настани имаат квота помала од 1,35 истите не се земаат во предвид при пресметка.
  • Добитни тикети не учестуваат во наградната игра за дополнителните награди;
  • “Системски” тикети, како и тикетите за обложување во живо (Live Bet) не учествуваат во наградната игра за дополнителните награди;
  • Тикетот може да содржи настани од Бонус квота;
  • Минимална уплата по тикет е 20 денари (дваесет денари);
  • Тикетот мора да биде уплатен во периодот на траење една конкретна етапа (ден) од наградната игра за дополнителните награди;
  • Настаните на тикетот да започнуваат најрано и најдоцна во утврдениот тековен период согласно член 6 од овие Правила (етапа);

Доколку обложувањето на било кој спортски настан од тикетот се поништи од било која причина или од било која причина согласно Правилата на игра на Организаторот, за тој настан се пресметува квота 1, тикетот сепак учествува во наградната игра, но тие настани не се земаат во предвид при пресметка.

  1. За доделувањето на награди ќе се применуваат следните правила за учество и доделување:

Наградната игра содржи 42 етапи во периодот од 16.11.2021 година до 27.12.2021 година, односно 42-те етапи се 42 дена, а тоа се следите денови (етапи):

  • 16.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 17.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 18.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 19.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 20.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 21.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 22.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 23.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 24.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 25.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 26.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 27.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 28.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 29.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 30.11.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 01.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 02.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 03.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 04.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 05.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 06.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 07.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 08.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 09.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 10.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 11.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 12.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 13.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 14.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 15.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 16.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 17.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 18.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 19.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 20.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 21.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 22.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 23.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 24.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 25.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 26.12.2021 година, од 07:00 до 23:59 часот;
  • 27.12.2021 година, од 07:00 до 21:00 часот.

Во секоја етапа наведена во став 1 од оваа точка учествуваат тикетите за обложување уплатени само во таа етапа и тоа кои се уплатени само во периодот на траење на етапата на тој ден и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи за доделување на дополнителните награди, а исто така овие тикети не учестуваат и нема да се земат во предвид при доделувањето на главните награди опишани во член 5 од овие Правила.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во конкретна етапа од наведените во став 1 алинеи 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38, 39, 40 и 41 од оваа точка, мора да биде најдоцна до 23:59 часот за тој ден.

Почеток на одигрување на сите спортски настани кои се наоѓаат на тикетот кој учествува во 42-рата етапа наведена во став 1 алинеја 42 од овој член, мора да биде најдоцна до 21:00 часот.

Во спротивно, тој тикет не се зема во предвид, односно се смета дека истиот не го исполнува условот за учество во конкретната етапа од наградната игра.

Доколку почетокот на одигрување на некој настан од тикетот од било која причина се помести за термин по наведениот во став 1, 3 и 4 од оваа точка, тикетот сепак учествува во таа етапа од наградната игра, но согласно Правилата на игра на Организаторот ќе се чека најмногу до 50 часа за утврдување на исходот од настанот.

По завршување на секоја етапа која трае во период дефиниран во овој член, системот се рестартира при што погодените натпревари од секоја завршена етапа не се префрлуваат и не учествуваат во било која следна етапа, ниту пак при извлекувањето на главните награди. Погодените натпревари од претходната етапа со почеток на секоја нова етапа се бришат.

  1. Определување на добитник

За добитник во секоја од 42-те етапи поединечно од наградната игра за дополнителните награди се смета учесникот кој има уплатен недобитен тикет со најголем број погодени натпревари и минимум 1(еден) промашен пар кој ги исполнува условите од овие Правила.

Доколку двајца или повеќе учесници имаат уплатен недобитен тикет со ист број на погодени натпревари, за добитник во секоја од 42-те етапи  поединечно, ќе се смета учесникот чии погодени натпревари имаат најголема квота за комбинација (вкупен коефициент од производот на погодените натпревари).

Во вкупната квота за комбинација (вкупен коефициент) не влегува квотата на промашениот пар.

Доколку двајца или повеќе учесници имаат недобитен тикет со ист број на погодени натпревари, чии погодени натпревари имаат иста квота за комбинација (вкупен коефициент од производот на погодените натпревари), за добитник во секоја од 42-те етапи  поединечно ќе се смета учесникот кој прв го уплатил тикетот.

  1. Награден фонд за дополнителните награди

Организаторот во наградната игра на етапно ниво доделува вкупно 42 дополнителни награди и тоа: 42 парични награди во износ од  6.180,00 денари.

Во секоја од 42-те етапи ќе се доделува по 1 (една)  парична награда во износ од 6.180,00 денари за победникот на секоја етапа.

  1. Постапка на приредувањето на наградната игра и извлекувањето на добитниците на дополнителните награди

Секој ден во текот на траењето на секоја од 42-те етапи од наградната игра за дополнителните награди, на уплатно-исплатните места и веб страна www.mozzartbet.mk на Организаторот ќе биде истакнато известување со недобитниот тикет со најголем број погодени натпревари за тој ден кој ги исполнува услови од овие Правила.

Организаторот ќе врши рангирање и објавување на  недобитниот тикет со најголем број погодени натпревари во рок од 3 (три) дена по завршување на секоја етапа согласно термините наведени во точка 2 од овој член.

Доделувањето на секоја од дополнителните награди ќе се изврши во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните ранг листи и тоа со банкарски трансфер на средствата од страна на Организаторот на трансакциска сметка на добитникот, која добитникот ја доставил на Организаторот при предавање на недобитниот тикет согласно следниот став.

Услов за доделување на наградата е поседување на тикетот кој ги исполнува условите од овие Правила, а кој учесникот е должен да го предаде на Организаторот најдоцна во рок од 2 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Во случај учесникот да не се јави на уплатното-исплатно место на Организаторот во рок од претходниот став, победник во конкретната етапа ќе биде лицето со следниот недобитен тикет со најголем број погодени натпревари кој ќе се јави во рок од 2 дена од истекот на рокот наведен во претходниот став.

Правилото од претходниот став се применува и во евентуални случаи на непојавување на учесник со следен најдобар тикет во наведениот рок.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Вкупна вредност на фондот на награди

Член 7

Вкупната вредност на фондот на наградите (кумулативно за главните и дополнителните награди) изнесува 630.360,00 денари.

Замена на награди

Член 8

Добитниците на наградите од наградната игра не може да ја менуваат наградата за било која друга награда.

Забрана за учество во наградната игра

Член 9

Учеството во Наградната игра на вработените кај Организаторот, како и членовите на нивните потесни семејства, е забрането.

Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра.

Начин на запознавање на учесниците со наградната игра

Член 10

Правилата на наградна игра по добиена согласност од страна на Министерство за финансии, ќе бидат објавени на сајтот www.mozzartbet.mk и на уплатно-исплатните места на Организаторот.

Право на приговор

Член 11

Незадоволниот учесник има право на писмен приговор до Организаторот во рок од 1 (еден) ден од денот на објавувањето на добитниците на наградите и тоа на адреса Бул.8-ми Септември бр. 16, 1000 Скопје.

Организаторот ќе достави писмен одговор на приговорот во рок од 2 (два) дена од денот на приемот на истиот.

Обработка на лични податоци

Член 12

При превземање на наградите добитниците се должни да ги дадат своите лични податоци на претставникот на Организаторот и да дадат на увид важечка лична карта или патна исправа, како и да потпишат потврда за прием на наградата или записник за примопредавање на наградата.

Добитниците од наградната игра му даваат согласност и право на Организаторот или агенцијата која Организаторот ја ангажирал, со цел на промовирање на наградна игра, да може да ги користи личните податоци на добитниците: име и презиме, слика, како и аудио и видео материјал без право на надокнада и без временско и територијално ограничување или ограничување во број на користења.

Примена на Правилата на наградна игра

Член 13

Овие правила на наградна игра ќе се применуваат по добиена согласност од страна на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и по нивно јавно објавување.

Организатор

ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје

Управитeл

Слободан Веселиновиќ