Mozzart Промо

MOZZART – преземени мерки за заштита на вработените и клиентите

Почитувани клиенти,

Компанијата MOZZART, како општествено-одговорна компанија, целосно ги почитува одлуките на Владата во врска со мерките за спречување на ширење на опасниот вирус COVID-19. Согласно последната донесена Одлука на Владата на Република Северна Македонија, а согласно Препораките на Министерството за Здравство сите наши уплатни места работат со скратено работно време, од 9:00 часот до 18:00 часот, со преполовен капацитет за гости за да се задржи минимум неопходното растојание од најмалку еден метар и половина до два метри помеѓу лицата кои престојуваат во овие објекти. Воедно, ги преземаме сите неопходни мерки за заштита на вработените и клиентите во нашите објекти, со цел заштита на нивното здравје. Набавени се дезинфекциски средства за секоја обложувалница, објектите редовно и темелно се чистат и дезинфекцираат. Апелираме до клиентите во целост да се придржуваат до мерките“.

Со почит,

MOZZART Македонија

 

Додај коментар